Tuesday, November 17, 2009

Кога и како Македонија ќе расчисти со хипотеките од минатото?


  • Дали резерватот Јасен крие гревови од времето на ЈНА?

  • За чија кауза се бореле 53 егзекутирани велешани и зошто нивните семејства и ден денес не можат да добијат правда?

  • Зошто Васил Тупурковски експресно го напушта 14 конгрес на СКЈ во Белград за да спречи тензии во Арачиново?


Погледнете ги одговорите во ова издание на Еврозум. Емисијата е посветена на нерасчистените сметки од минатотото. Лустрација, рехабилитација, историја – поими кои се уште ги будат лошите духови од комунистичкото минато инкарнирани во голем дел од денешните функционери и општественици. Ги очекуваме и вашите коментари.



Tuesday, November 10, 2009

Паднаа ли ѕидовите во главите на Македонците?


Ноември е месец кој Еврозум го посветува на падот на железната завеса и повторното обединување на Европа. Но ако берлинскиот ѕид падна и се отворија премините за интеграција на новите демократски општества, каде стои Македонија? Паднаа ли ѕидовите во главите на Македонците?

За цензурата и автоцензурата, за стравот да се говори јавно, за методите на заплашување – Еврозум ги анализира југословенското минато и превропската сегашност. Вечерашната емисија е посветена на културните дисиденти.

Еврозум ви пренесува приказна за еден источногермански панк бенд. Некогашните членови раскажуваат колку опасна авантура било да пеете против режимот во советскиот блок. Но тука се и локалните приказни на македонските рок и панк легенди. Како во навидум слободната Југолавија се цензурило и притискало. Зошто Белград не дозволувал да се издадат албуми на македонски јазик?

Ова и екслузивното интервју со Петар Гошев кој зборува за тоа како железните тупаници на режимот од минатото се уште се на видни функции и со истите методи ја кројат по свој терк македонската демократија”.


Како паѓаше Берлинскиот ѕид?


Оваа година се одбележуваат 20 години од паѓањето на Берлинскиот ѕид, симболот на Студената војна и Железната завеса. Сите добро се сеќаваат на сликите кога Берлинскиот ѕид бидува турнат од толпата. Но Берлин не е единствениот каде гневот експлодира.

Во последното издание на „Еворзум“ (вторник, 3 ноември) ќе може да видите што се му претходеше на овој голем настан.

За ова и други теми поврзани со падот на комунизмот во бившиот Советски Сојуз и во Источна Европа во периодот 1989-1991, „Еврозум“ направи неколку анализи кои ќе ги емитува во своите прилози.