Wednesday, May 13, 2009

Балканската рута - пречка за визна либерализација?


Еврозум ја истражува Балканската рута за шверц со хероин преку која тој од Авганистан стигнува до земјите од Западна Европа.

Еврозум беше во Хрватска за да истражи каква е врската на организираниот криминал со убиството на сопственикот и новинарот на Национал, Иво Пуканиќ.


Дали и колку Македонија и Косово соработуваат за да ја намалат порозноста на северната граница, по која транзитира хероинот од Исток кон Запад?


Еврозум сторија и за тоа што прави Македонија за да го спречи транизитирањето на хероинот низ нејизна територија.

Какви се последиците од количеството хероин што останува тука?


Дали организираниот криминал ќе биде пречка за побрзо остварување на желбите на земјите и граѓаните од Западен Балкан за визна либерализација.
Европа инсистира на сигурни и безбедни граници.

Може ли земјите од Балканот да го овозможат тоа?

Гостин во Еврозум, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска

Контрола на границите предизвик за регионалната соработка


Контролата на границите е еден од условите за побрзо добивање на визна либерализација.

Кога ЕУ тоа го бара од земјите во балканскиот регион, мисли на контролата што овие држави треба да ја направат за да им застанат на пат на нелегалните испораки на дрога преку Балканската рута за шверц на авганистанскиот хероин кон земјите од Западниот Балкан.

Но организираните криминални групи кои виреат на Балканот со својата поврзаност, непознавање на граници и националности се спротивставуваат на обидите на државите за нивно уништување, корумпирајќи полицајци, судии, политичари.

Од Загреб, преку Сараево, Белград, Приштина, па се до Скопје сликата е иста. Испреплетеноста на криминалните групи со политиката ги гуши напорите за нивно совладување и ги минира ретките регионални акции за сузбивање на криминалните активности.

Нашето прашање до вас: Дали ќе може регионалната соработка да им застане на патот на организираните криминални мрежи?

Tuesday, May 12, 2009

Еврозум во соработка со порталот www.mladiinfo.com секоја недела ви ги претставуваат најновите можности за стипендии, грантови, конференции, обуки, пракса и работа во земјите од ЕУ.


Стипендии:

1. Меѓународни постдипломски студии за општествени науки на Хумболт универзитетот во Германија и Универзитетот Анкара во Германија. Рок за аплицирање 29.05.2009. Повеќе

2. Универзитетот Ексетер од Велика Британија доделува десет целосни стипендии за меѓународни постдипломци. Рок за аплицирање 29.05.2009. Повеќе

3. Универзитетот Ковентри доделува стипендии за постдипломските студии за Мир и помирување. Рок за аплицирање 29.05.2009. Повеќе

4. Универзитетот Карлос III од Мадрид, доделува стипендии за докторанти во областа на економијата. Рок за пријавување 31.05.2009. Повеќе

Повеќе информации на www.mladiinfo.com


Грантови:

1. Фондацијата Ана Линд доделува грантови на невладини организации за проекти од образованието, медиумите, религија и вредности, градови и различности... Рокот за аплицирање е до 31.05.09. Повеќе

2. Грантови од програмата Млади во акција (Youth in Action) програма 3.1. Соработка со соседните држави. Рок за пријавување до 01.06.09. Повеќе

3.Грантови од програмата Млади во акција (Youth in Action) програма 2. Европски волонтерски сервис. Рок за пријавување до 01.06.09 Повеќе

Повеќе информации на: www.mladiinfo.com


Конкурси:

1. ББЦ и Њузвик организираат натпревар за најдобри идеи и проекти наречен Светски предизвик 2009. Рок за пријавување е 22.05.2009. Повеќе

2. Onedotzero фестивалот од Лондон кани млади уметници да понудат свои дела: анимација, краток филм, инсталација, аудио-визуелен перформанс итн. Рок за пријавување е: 29.05.2009. Повеќе

3. Меѓународниот телевизиски фестивал од Барцелона ги кани сите детски емисии и продукции од Европа да земат учество. Рок за пријавување е 31.05.2009. Повеќе

Повеќе информации на: www.mladiinfo.com


Обуки и конференции:

1. Седмата по ред конференција Павиа на тема политичка филозофија објавува повик за трудови во оваа област. Рок за пријавување: 24.05.2009. Повеќе

2. Меѓународен симпозиум на тема храна и пренхранбена индустрија ќе се одржи во Галати, Романија. Рок за пријавување: 25.05.2009. Повеќе

3. Њујорк универзитетот од Скопје организира конференција на тема медиуми за социјална интеракција. Рок за пријавување: 10.06.2009. Повеќе

Повеќе информации на: www.mladiinfo.com


Работа и пракса:

1. Платена шестмесечна пракса за млади претприемачи во различни земји од ЕУ. Рок за пријавување: 29.05.2009. Повеќе

2. Платен тренинг-пракса во рок од 3 до 5 месеци во ЕУ агенцијата за фундаментални права. Рок за пријавување: 31.05.2009. Повеќе

Повеќе информации на: www.mladiinfo.com

Информации за стипендии, обуки, грантови и пракса во земјите од ЕУ

Еврозум во соработка со порталот www.mladiinfo.com секоја недела ви ги претставуваат најновите можности за стипендии, грантови, конференции, обуки, пракса и работа во земјите од ЕУ.


Стипендии:

1. Универзитетот од Амстердам доделува стипендии за странски студенти за додипломски и постдипломски студии. Рок за аплицирање 15.05.2009. Повеќе

2. Универзитетот за Средновековни студии од Лидс, Англија доделува стипендии за постдипломски студии Владата на Република Словенија доделува стипендии за додипломски и постдипломски студии за библиографија. Рок за аплицирање 11.05.2009. Повеќе

3. Универзитетите од Белград, Грац и Трст доделуваат стипендии за постдипломски студии за цивилна авијација. Рок за аплицирање 15.05.2009. Повеќе

4. Универзитетот за ветеринарна медицина од Виена, доделува стипендии за докторски студии по генетика. Рок за пријавување 15.05.2009. Повеќе

Повеќе информации на www.mladiinfo.com


Грантови:

1. Романската влада доделува грантови за новинари и истражувачи. Рокот за аплицирање е до 15.05.09. Повеќе

2. Грантови од програмата Млади во акција (Youth in Action) програма 3.1. Соработка со соседните држави. Рок за пријавување до 01.06.09. Повеќе

3.Грантови од програмата Млади во акција (Youth in Action) програма 2. Европски волонтерски сервис. Рок за пријавување до 01.06.09 Повеќе

Повеќе информации на: www.mladiinfo.com


Конкурси:

1. Медитеранскиот журнал за човекови права објавува повик за текстови. Рок за пријавување е: 15.05.2009. Повеќе

2. ББЦ и Њузвик организираат натпревар за најдобри идеи и проекти наречен Светски предизвик 2009. Рок за пријавување е 22.05.2009. Повеќе

Повеќе информации на: www.mladiinfo.com


Обуки и конференции:

1. Лидерската програма за развој на земјите од ЈИЕ регионот повикува апликанти од овие земји кои ќе учествуваат во програмата. Таа опфаќа бројни активности како летна школа, обуки, заеднички проекти...Рок за пријавување: 09.05.2009. Повеќе

2. Летна школа за меѓународна економија во Милано, Италија. Рок за пријавување: 10.05.2009. Повеќе

3. Бизнис школата на Харвард организира летна обука за менаџмент во Англија. Рок за пријавување: 11.05.2009. Повеќе

Повеќе информации на: www.mladiinfo.com


Работа и пракса:

1. Платена пракса за преведувачи во ЕУ парламентот. Рок за пријавување: 15.05.2009. Повеќе

2. Платена пракса во европскиот сектор за енергија КОГЕН. Рок за пријавување: 08.05.2009. Повеќе

Повеќе информации на: www.mladiinfo.com