Wednesday, April 1, 2009

Како проширувањето да ја избегне економска криза?


Глобалната економска криза, која не ја заобиколи ниту Европската Унија ги отвори старите дебати за процесот на нејзиниото проширување. Економските потреси се чини ќе допринесат за успорување на овој процес и покрај најавите на евро- комесарот за проширување, Оли Рен дека процесот на проширувањето не смее да биде заложник на економските и социјалните проблеми.


Секоја од земјите од Балканскиот регион се наоѓа во европската чекалница за влез во Унијата, со надеж дека побрзиот влез може да допринесе за побрз развој екномијата нивните држави. Економската криза не оди во прилог на остварувањето на нивните желби. Aналитичарите кои го поддржуваат процесот на проширувањето, сметаат дека лидерите од регионот со заедничка акција треба да ги убедат оние коишто искажуваат страв од проширувањето.


Еврозум истражуваше како ќе се одвива овој процес во услови на економска криза. Гледајте и како се справуваат со финансиската криза во Чешка, Полска, Хрватска, Бугарија.

Дали Македонија ќе го избегне економското цунами, Борјан Јовановски разговара со министерот за финансии, Трајко Славески

Балканот на раб на економска криза?


Економската криза и Балканот, како еден од најсиромашните региони во Европа се соочува со недостатокот на капитал и финансии. Еврозум ги пренесува мислењата и ставовите на европските економисти и аналитичари, како и мерките кои локалните влади ги превземаат.


Золт Дарвас, економист од Брисел вели дека балканските земји се надвор од ЕУ и тоа ја прави нивнита ситуација многу полоша. Затоа што дури и земјите кои се во ЕУ, тие страдаат многу. Ако на пример ги гледате Унгарија и Латвија, тие имаат недостиг од капитални приливи, иако ЕУ е таму, ЕУ има среднорочна можност за баланс во плаќањата, додека земјите надвор од ЕУ, како балканските може да се потпрат само на помошта од ММФ.


Ресурсите на ММФ се очекува да се удвојат и некои аналитичари предвидуваат дека мнозинството на земјите од Балканот до крајот на годината ќе договорат аранжмани со ММФ, затоа што е единствената институција способна да даде итна помош, Србија тоа веќе го направи. Но ММФ не е единствен, локалните инцијативи ќе бидат потпомогнати од страна на Европската Инвестициона Банка.


Првиот човек на Евроспката инвестициска банка, Филип Мајстат, пак посочува дека во април ќе одобриме дополнителни 2, 8 милијарди евра. Тоа значи дека на крајот од април вкупно ќе биде 8.5 милијарди евра во кредитни линии, кои ќе бидат достапни за локалните банки за да ги финансираат средните и мали претпријатија. И она што го правиме сега е систематски да им помогне на банките за да бидеме сигурни дека ефективно ќе ги искористат овие кредитни линии во корист на малите и средни претпријатија.

Веќе стигнаа потврди дека овие средства не се ексклузивно наменети за ЕУ.

Мајстад смета дека минатата недела ние одобривме ваков вид на заеми за српските банки, така што нема сомнеж, овој тип на заеми за банките за малите и средни претпријатија. Ние може да го користиме овој проект, секако со земјите членки на ЕУ, но и со земјите кандидати, потенцијалните земји кандидати, што значи за Западен Балкан.


Но голем е стравот дека кризата е сериозно потценета од локалните влади. Деновиве гувернерот на српската банка Радован Јелашич излезе со крајно драматичен текст во Фајненшел Тајмс. Тој предупреди дека актуелните проблеми не можат и не смеат да се решаваат само преку очекувањето на финансии од ЕУ и другите финансиски институции. Итни и храбри потези се неопходни од страна на владите за кризата да се менаџира, не само од економски аспект, туку и од социјален. Поради намалениот капитал, неопходно е да се ревидираат буџетите и да се намали потрошувачката.


Според Даниел Грос од Центарот за европски политички студии вели дека на Балканот проблемот е сличен со балтичките земји. Има мали земји чиј банкарски систем го поседуваат западноевропските банки, и имате многу внатрешна задолженост во земјата во странска валута, во евра и тоа е многу опасно за менувачкиот курс, затоа што многу домаќинства и многу фирми ќе банкнотираат. Нема едно решение, освен дека владите треба да издржат, дека треба да ги контролираат буџетите, и да се надеваат дека со време....


Хрватска и Србија веќе ги превземаа тие чекори, ги ревидираа буџетите, најавија намалување на платите, додека нашата влада порачува дека до почетокот на летото такви чекори нема да се превземаат. Најновите податоци од министерството за финансии се алармантни. Буџетниот дефицит во Македонија ја достигна бројката од 27.8 милиони евра, поради намалените даночни приходи и големата државна потрошувачка. Владата потрошила 22 милиони евра повеќе од претходниот месец, што наметнува сомнежи дека парите се трошат на предизборни кампањи , наместо на продуктивни инвестиции.


Грос додава и дека реалниот ризик е финансискиот систем во Источна Европа да се распадне, банките да не позајмуваат на претпријатијата, луѓето да не можат да ги отплаќаат своите хипотеки, кои се во швајцарски франци или јапонски јени, и поради тоа да се замрзне целиот финансиски систем. Ако се случи тоа ќе се намали производството, а невработеноста ќе се зголеми, а како резултат на тоа и поголем број на банкроти.


Експертите сметаат дека доколку итно не се промени политиката сериозно ќе бидат загрозени месечните примања на вработените во администрацијата, како и примањата на пензионерите и социјалните случаи. Во моменти на глобална економска криза Македонија се однесува како да не е дел од реалноста на Балканот, од реалноста на Европа или воопшто од реалноста на овој свет.

Информации за стипендии во земјите од ЕУ

Еврозум и порталот www.mladiinfo.com и оваа недела ви ги претставуваат најновите информации за можностите за стипендии, грантови, конференции, обуки, пракса и работа во земјите од ЕУ.


Стипендии:

1. Стипендии за магистерски студии по економија и финансии во Шпанија. Рок за аплицирање 06.04.2009. Повеќе

2. Националниот универзитет од Галвеј, Ирска, доделува стипендии за престој и пракса на докторанти од областа на и-бизнисот. Рок за аплицирање 10.04.2009. Повеќе

3. Љубљанскиот универзитет доделува стипендии за додипломски студии на студенти од југоисточна Европа. Рок за пријавување 15.04.2009. Повеќе

4. Универзитетот во Берлин доделува стипендии за докторанти од областите економија и општествени науки. Рок за аплицирање 15.04.2009. Повеќе

Повеќе информации на www.mladiinfo.com


Грантови:

1. SCOPES 2009-2012 е програма која поддржува проекти кои се фокусираат на научната соработка меѓу Швајцарија и Источна Европа. Рок за пријавување до 15.04.09. Повеќе

2. Грант програмата Развој на пазарот, администрирана од Светската банка, доделува и до 200.000$ за проекти кои ќе се борат против глобалното затоплување. Рокот за аплицирање е до 27.04.09. Повеќе

3.Академската програма Ерасмус мундус за размена на академски кадар и студенти, објавува конкурс на кој може да аплицираат приватните и државните универзитети од Европа. Рок за пријавување до 30.04.09. Повеќе

Повеќе информации на: www.mladiinfo.com


Конкурси:

1. Натпревар по фотографија на Канарските острови, Шпанија. Рок за пријавување на фотографиите е: 08.04.2009. Повеќе

2. Магазинот за општествени науки и психологија (Journal of Social & Psychological Sciences) објавува конкурс за научни трудови со психосоцијална ориентација. Рок за пријавување на трудовите е 10.04.2009. Повеќе

3. Фестивалот на кратки филмови Снимки на дијалог во Динан, Франција, објавува конкурс за филмови од млади автори (15-30 години) на тема интеркултурен дијалог. Рок за пријавување: 15.04.2009. Повеќе

Повеќе информации на: www.mladiinfo.com


Обуки и конференции:

1.Меѓународна конференција за мали и средни претпријатија во Романија. Рокот за аплицирање е до 05.04.2009. Повеќе

2. Вљубениците во рускиот јазик и култура може да аплицираат за стипендии за изучување на јазикот во Русија. Рок за пријавување: 13.04.2009. Повеќе

3. Седмата по ред конференција за историјата на транспортот, сообраќајот и мобилноста што ќе се одржи во Луцерн, Швајцарија, објавува повик за излагања на тема: Туризмот во авторитарните режими. Рок за пријавување:10.04.2009. Повеќе

Повеќе информации на: www.mladiinfo.com


Пракса:

1. Платена пракса за млади луѓе од ромска националност во Советот на Европа. Рок за пријавување е 10.04.2009. Повеќе

2. Парламентарното собрание на НАТО доделува 8 стипендии за стажанти/истражувачи за шестмесечна пракса во Брисел. Рок : 15.04.2009. Повеќе


Повеќе информации на:
www.mladiinfo.com