Tuesday, April 21, 2009

Телевизија спастрена по европски стандарди?


Европската Унија се залага за постоење на јавен сервис во сите нејзини земји членки во време кога масовните комуникации ги надминуваат сите граници и кога инфорамацијата станува подостапна од кога и да е. И токму во една таква глобална поврзаност и бескраен проток на информации и појава на мноштво комерцијални медиуми, Европа инсистира на постоење јавен сервис.

Неколку причини го определуваат ваквиот став, како што е потребата јавноста да се заштити од притисокот на политиката преку медиумите, но и за да се обезбеди покриеност на широка палета на гледачи. И притоа да не се излезе од рамката на вкусносто и да се понудат информативни и образовни содржини преку разните видови на телевизиски емисии.

Иако Македонија претендира да стане членка на ЕУ, кога е јавниот сервис во прашање, подобро е кога би се сокрила и не би барала со години ништо. Прашината чиј мирис може да се почувствува во МРТ предизвикува такво гушење и кашлање што тешко може да биде излекувано дури и со некој лек против астма.

Програмската празнотија со која од екраните на поздравуваат некои чудни лица од јавниот сервис веќе не ја забележува никој зашто ни стана нормално тоа едноставно да биде така. И никој речиси веќе не бара лек за пациентот, зашто сите кренале раце и само го чекаат финалето на една повеќегодишна голгота која се случува во МРТ. А какво ќе биде тоа може да се претпостави кога сите креваат раце и констатираат дека за кризата која ја гризе нашата јавна телевизија веќе нема спас.

Еврозум истражуваше зошто нема пристоен и по европски стандарди спастрен јавен сервис во Македонија. Отидовме и до Хрватска за да видиме како функционира ХРТ и Ви ги донесуваме мислењата и ставовите на некои од телевизиските звезди на оваа куќа: Денис Латин, Горан Милиќ, Александар Станковиќ.

Јавниот сервис недостижен за МТВ?


Дежурен блогер: Ивор Мицковски


Зошто Европа го нагласи создавањето на квалитетен јавен сервис како еден од предусловите за влез во ЕУ?

Затоа што е свесна дека постојат потреби или интереси во општеството кои приватните медиуми не можат или не сакаат да ги задоволат. Но постои и еден друг аспект.

Јавниот сервис е институција на транспаретност, во која се застапени интересите на сите општествени фактори, од политичките партии кои имаа голем удел во раководењето ,до маргиналните групи и останатиот цивилен сектор.

Прашањето за оваа недела е следното, дали би плаќале претплата кога нашата МТВ би функционирала како јавен сервис, сличен на оној во Хрватска или поголемите европски земји?

Стипендии за додипломски, постдипломски, докторски студии, обуки, конференции, работа и пракса во земјите од ЕУ

Еврозум во соработка со порталот www.mladiinfo.com секоја недела ви ги претставуваат најновите можности за стипендии, грантови, конференции, обуки, пракса и работа во земјите од ЕУ.


Стипендии:

1. Медицинскиот центар од Гронинген, Холандија, доделува осум стипендии за докторски студии. Рок за аплицирање 01.05.2009. Повеќе

2. Владата на Република Словенија доделува стипендии за додипломски и постдипломски студии на странски студенти. Рок за аплицирање 30.04.2009. Повеќе

3. Националната програма за стипендирање на Словачката Република доделува стипендии за постдипломски и докторски студии, како и за академски истражувања. Рок за аплицирање 30.04.2009. Повеќе

4. Универзитетот од Гент, Белгија доделува стипендии на студенти од земјите во развој. Рок за пријавување 30.04.2009. Повеќе

Повеќе информации на www.mladiinfo.com


Грантови:

1. Фондот Франклин Фурнејс доделува грантови за млади уметници.Рокот за аплицирање е до 01.05.09. Повеќе

2. Грантови од програмата Еразмус Мундус 2009-2013 на Европската унија, наменета за универзитетите во светот. Рок за пријавување до 30.04.09. Повеќе

3.Академската програма Ерасмус мундус за размена на академски кадар и студенти, објавува конкурс на кој може да аплицираат приватните и државните универзитети од Европа. Рок за пријавување до 30.04.09. Повеќе

Повеќе информации на: www.mladiinfo.com


Конкурси:

1. Отворен е конкурс за фотографии на тема „Нови начини за портретирање на половите“. Рок за пријавување на фотографиите е: 01.05.2009. Повеќе

2. Он-лајн магазинот Балкан Анализис, објавува повик за новинарски текстови од балканските земји. Рок за пријавување на текстовите е 30.04.2009. Повеќе

3. Славистичкиот магазин „Филолошки студии“ објавува повик за текстови од областа на филологијата. Рок за пријавување: 30.04.2009. Повеќе

Повеќе информации на: www.mladiinfo.com


Обуки и конференции:

1. ДА-Ние можеме е насловот на конференцијата која ќе се одржи во Берлин, Германија наменета за активното учество на младите луѓе од маргинализираните средини. Рок за пријавување: 30.04.2009. Повеќе

2. Летна школа за студенти од био-медицина на теми поврзани со истражувања за ракот. Рок за пријавување: 30.04.2009. Повеќе

2. Летна школа за меѓународна економија во Милано, Италија. Рок за пријавување: 10.05.2009. Повеќе

Повеќе информации на: www.mladiinfo.com


Работа и пракса:

1. Платена пракса за преведувачи во ЕУ парламентот. Рок за пријавување: 15.05.2009. Повеќе

2. Платена пракса во европскиот сектор за енергија КОГЕН. Рок за пријавување: 08.05.2009. Повеќе

Повеќе информации на: www.mladiinfo.com