Thursday, April 16, 2009

Ромите се и наши соседи?



ЕУ сака да покаже отворено срце за Ромите преку јасни заложби за решавање на конкретните проблеми и разбирање на нивната положба преку политика која ќе даде подобри резултати. Зашто, по проширувањето во 2004-та и 2007-ма, ромската заедница претставува едно од најголемите етнички малцинства во ЕУ.


Но, богатството кое оваа заедница може да и го донесе на Европа, често не се согледува од предрсудите и стереотипите кои се појавуваат во вид на дискриминација, политичка, социјална или економска.

Ромите се насекаде околу нас и во Македонија. Ги гледаме на раскрсниците, во кафулињата во кои седиме кога бараат пари или се упорни за да ги исчистат нашите автомобили. не размислуваме премногу кога ги одбиваме или кога им даваме нешто ситно за да не ни досадуваат. Не обрнуваме премногу внимание на нивните секојдневни проблеми, на работ од сиромаштијата во која живеат во нивните импровизирани живеалишта, или пак дека се едни од најголемите учесници во сивата економија во земјата.

Сепак, тие се тука, тие се наши соседи, кои понекогаш немаат ниту идентификациско бројче, па не можат ниту да ги остварат своите права на образование, здравствена заштита.

Еврозум го посветуваме на положбата на Ромите во Макед
oнија и во Европа.

Дискриминацијата е и наш проблем

Пред неколку денови прочитав интересeн текст за Македонија,беше претставена како единствена земја каде Ромите имаат своја општина, свој градоначалник, свои институции. Но ништо не беше спомнато за состојбата на теренот. Тоа е илустрација за институционалната демагогија која постои кај нас.

Додека властите прават се за исполнување на институционалните рамки, за донесување на законите, малку прават на терен и околу имплементирање на законите.

Дискриминацијата бара да се работи во општеството, на граѓанскиот сензибилитет околу дискриминацијата.Настрана институционалната дискриминација, која може да биде позитивна или негативна. Дискриминацијата е некултура на живеењето. Општа етикета која може да се залепи на секоја посебна различност.


Факт е дека постојат повеќе видови на дискриминација, но есенцијално дискриминацијата како ментална структура е една ,додека различностите во општеството се многубројни, се множат и ќе се множат. Впрочем, тоа е и убавината на општествата.

Повеќе од прашање, сакам да ги повикам гледачите да ни пишат за нивното мислење за институционалната демагогија и да ни ги раскажат нивните искуства, оние кои биле или се жртви на дискриминација или оние кои биле сведоци на дискриминација.

Информации за стипендии, обуки, конференции, работа и пракса во земјите од ЕУ

Еврозум и порталот www.mladiinfo.com и оваа недела ви ги претставуваат најновите информации за можностите за стипендии, грантови, конференции, обуки, пракса и работа во земјите од ЕУ.


Стипендии:

1. Владата на Република Словенија доделува стипендии за додипломски и постдипломски студии на странски студенти. Рок за аплицирање 30.04.2009. Повеќе

2. Националната програма за стипендирање на Словачката Република доделува стипендии за постдипломски и докторски студии, како и за академски истражувања. Рок за аплицирање 30.04.2009. Повеќе

3. Универзитетот од Гент, Белгија доделува стипендии на студенти од земјите во развој. Рок за пријавување 30.04.2009. Повеќе

4. Осум стипендии за докторски студии од областа на информатиката, доделува Универзитетот Упсала од Шведска. Рок за аплицирање 22.04.2009. Повеќе

Повеќе информации на www.mladiinfo.com


Грантови:

1. Грантови од програмата Еразмус Мундус 2009-2013 на Европската унија, наменета за универзитетите во светот. Рок за пријавување до 30.04.09. Повеќе

2. Грант програмата Развој на пазарот, администрирана од Светската банка, доделува и до 200.000$ за проекти кои ќе се борат против глобалното затоплување. Рокот за аплицирање е до 27.04.09. Повеќе

3.Академската програма Ерасмус мундус за размена на академски кадар и студенти, објавува конкурс на кој може да аплицираат приватните и државните универзитети од Европа. Рок за пријавување до 30.04.09. Повеќе

Повеќе информации на: www.mladiinfo.com


Конкурси:

1. Меѓународниот филмски фестивал од Торуњ, Полска објавува повик за кратки и долгометражни филмови. Рок за пријавување на филмовите е: 25.04.2009. Повеќе

2. Он-лајн магазинот Балкан Анализис, објавува повик за новинарски текстови од балканските земји. Рок за пријавување на текстовите е 30.04.2009. Повеќе

3. Славистичкиот магазин „Филолошки студии“ објавува повик за текстови од областа на филологијата. Рок за пријавување: 30.04.2009. Повеќе

Повеќе информации на: www.mladiinfo.com


Обуки и конференции:

1.Музичка конференција Балкан Бит во Белград. Рокот за аплицирање е до 20.04.2009. Повеќе

2. Летна програма за економија и вредноста на културата, Холандија. Рок за пријавување: 20.04.2009. Повеќе

3. Меѓународна конференција на единството и плурализмот, Босна и Херцеговина. Рок за пријавување:30.04.2009. Повеќе

Повеќе информации на: www.mladiinfo.com


Пракса:

1. Шестмесечна платена пракса во различни ЕУ земји за млади претприемачи. Рок за пријавување е 28.04.2009. Повеќе

2. Платена пракса за преведувачи во Европскиот парламент. Рок : 15.05.2009. Повеќе


Повеќе информации на:
www.mladiinfo.com