Tuesday, May 5, 2009

„Безбедни„ производи - (Не)безбедни потрошувачи

Европската Унија води грижа што и како може да се најде на нејзиниот пазар, а со тоа се грижи и за безбедноста на купувачите преку системот за рано предупредување РАПЕКС.

Еврозум истражуваше кој ги контролира прехрамбените и секакви други производи со кои се преплавени нашите пазари и дали и за оваа тема постои префрлање на топката од една на друга институција.

Еврозум се обиде да дознае чии интереси штити здружението на потрошувачи, со какви играчки си играат наши во време кога во Унијата се преземаат мерки против штетната ДМФ материја, детектирана во кинеските производи, а Македонија чека да биде известена и не презема ништо.

Изгубена во обидот да го воведе ХАСАП системот, државата не може да ги заштити ни граѓаните, ни фирмите од разни консултантски куќи кои без никави сертфикати им се нудат на фирмите како помош при воведувањето на овој систем за контрола на производството на храна.

Како да се подобри контролата на она што се увезува?- Борјан Јовановски разговара со директорот на царинската управа, Ванчо Каргов.

Кој ги штити потрошувачите?

Купувањето на производи е нормален и секојдневен ритуал што секого од нас расположува, без разлика дали купуваме храна или некои други производи.

Дотолку повеќе, разочарувањето може да биде поголемо ако производот брзо ни се расипе или ако квалиетот не е оној за кој сме платиле. Но уште поважно е она што го купуваме да не е опасно по нашето или здравјето на нашите деца.

Кој треба да ги заштити нашите права како потрошувачи е прашањето на Еврозум до вас за оваа недела?

Информации за стипендии, обуки, грантови и пракса во земјите од ЕУ

Еврозум во соработка со порталот www.mladiinfo.com секоја недела ви ги претставуваат најновите можности за стипендии, грантови, конференции, обуки, пракса и работа во земјите од ЕУ.


Стипендии:

1. Универзитетот од Амстердам доделува стипендии за странски студенти за додипломски и постдипломски студии. Рок за аплицирање 15.05.2009. Повеќе

2. Универзитетот за Средновековни студии од Лидс, Англија доделува стипендии за постдипломски студии Владата на Република Словенија доделува стипендии за додипломски и постдипломски студии за библиографија. Рок за аплицирање 11.05.2009. Повеќе

3. Универзитетите од Белград, Грац и Трст доделуваат стипендии за постдипломски студии за цивилна авијација. Рок за аплицирање 15.05.2009. Повеќе

4. Универзитетот за ветеринарна медицина од Виена, доделува стипендии за докторски студии по генетика. Рок за пријавување 15.05.2009. Повеќе

Повеќе информации на www.mladiinfo.com


Грантови:

1. Романската влада доделува грантови за новинари и истражувачи. Рокот за аплицирање е до 15.05.09. Повеќе

2. Грантови од програмата Млади во акција (Youth in Action) програма 3.1. Соработка со соседните држави. Рок за пријавување до 01.06.09. Повеќе

3.Грантови од програмата Млади во акција (Youth in Action) програма 2. Европски волонтерски сервис. Рок за пријавување до 01.06.09 Повеќе

Повеќе информации на: www.mladiinfo.com


Конкурси:

1. Медитеранскиот журнал за човекови права објавува повик за текстови. Рок за пријавување е: 15.05.2009. Повеќе

2. ББЦ и Њузвик организираат натпревар за најдобри идеи и проекти наречен Светски предизвик 2009. Рок за пријавување е 22.05.2009. Повеќе

Повеќе информации на: www.mladiinfo.com


Обуки и конференции:

1. Лидерската програма за развој на земјите од ЈИЕ регионот повикува апликанти од овие земји кои ќе учествуваат во програмата. Таа опфаќа бројни активности како летна школа, обуки, заеднички проекти...Рок за пријавување: 09.05.2009. Повеќе

2. Летна школа за меѓународна економија во Милано, Италија. Рок за пријавување: 10.05.2009. Повеќе

3. Бизнис школата на Харвард организира летна обука за менаџмент во Англија. Рок за пријавување: 11.05.2009. Повеќе

Повеќе информации на: www.mladiinfo.com


Работа и пракса:

1. Платена пракса за преведувачи во ЕУ парламентот. Рок за пријавување: 15.05.2009. Повеќе

2. Платена пракса во европскиот сектор за енергија КОГЕН. Рок за пријавување: 08.05.2009. Повеќе

Повеќе информации на: www.mladiinfo.com