Tuesday, October 27, 2009

„Кои се разликите меѓу нас и Европа, по прашањето на односот кон границите?“

Во Европа оди лесно, на Балканот малку потешко.

Во ова издание на Еврозум ќе гледате како се кројат границите во унијата, а како овие овде.

Екслузивна репортажа од белгиско-холандската граница. Граничната линија поминува низ дворови, куќи, фирми, па дури и спални соби. Проблем помеѓу државите практично не постои.

А како е тука? Две села едно до друго, Голема Црцорија на македонска територија и Галош на српската. Иако се оддалачени не повеќе од два километри, селаните и од двете страни за да можат да си ги обработуваат нивите од другата страна, приморани се да поминуваат повеќе од 320 километри преку Табановце зашто таму нема граничен премин.

Еврозум во вторник, 27 октомври на А1 во 21.40ч. за тоа како во Европа границите стануваат туристички атракции, а во Македонија животни маки.