Tuesday, June 2, 2009

Европски избори 2009

Граѓаните на 27 земји членки на Европската Унија од 4 до 7 јуни гласаат за изборите на Европскиот парламент. Преку 375 милиони жители со право на глас во Унијата, избираат 758 евро-пратеници за новиот состав на Парламентот.

Еврозум беше во Бугарија и Грција за да ви ја пренесе предизборната атмосфера од Солун и Благоевград. Разговаравме со граѓани, професори, новинари за тоа какви теми доминираат на европските избори во овие две земји членки на Унијата.

Еврозум ги анкетираше граѓаните на Скопје, кој од сегашните политичари во Македонија би сакале да го видат во некој од идните состави на Европскиот парламент.

Ја отвораме и темата зошто постои голема апатија кај Европските граѓани и зошто се очекува најмал одзив на гласачите во историјата на Унијата.

Каков Европарламент посакуваме?

Игнорантниот однос на граѓаните од речиси сите земји на ЕУ, досега невиден во историјата на изборите за Европарламентот, укажува на потребата за менување на неговата улога и позиција во функционирањето на Унијата.

Општо прифатениот став дека Европскиот Парлaмент нема доволно моќ ја наметнува дилемата за вистинската улога на ова претставничко тело на граѓаните од Унијата.

Каква треба да биде улогата на Европскиот Парламент?

Информации за стипендии, обуки, грантови и пракса во земјите од ЕУ

Еврозум во соработка со порталот www.mladiinfo.com секоја недела ви ги претставуваат најновите можности за стипендии, грантови, конференции, обуки, пракса и работа во земјите од ЕУ.


Стипендии:

1. Стипендии за додипломски студии за физиотерапевти на Факултетот за физиотерапија во Франција. Рок за аплицирање 15.06.2009. Повеќе

2. Стипендии за постдипломски студии за Меѓународни конфликти и соработка во Шкотска. Рок за аплицирање 30.06.2009. Повеќе

3. Стипендии за магистерски студии за јавна администрација на Универзитетот МТЕЦ во Твенте. Стипендиите се за студенти од југоисточна Европа. Рок за аплицирање 01.07.2009. Повеќе

4. Новоформираната институција за стипендии Deutsche Bundesstiftung Umwelt доделува 60 стипендии за докторски студии во различни области. Рок за пријавување 15.06.2009. Повеќе

Повеќе информации на www.mladiinfo.com


Грантови:

1. Балканската фондација за деца и млади од Скопје доделува грантови за најдобрите бизнис планови кои ќе се пријават на конкурсот кој трае до 20.06.2009. Повеќе

2. Отворен повик за истражувачки проекти од земјите на Западен Балкан. Рок за пријавување до 22.06.09. Повеќе

Повеќе информации на: www.mladiinfo.com


Конкурси:

1. Натпревар за најдобри урбани дизајнерски решенија на Домус факултетот во Италија. Рок за пријавување е 15.06.2009. Повеќе

2. Отворен повик за најдобри новинарски остварувања: Лоренцо Натали. Рок за пријавување е: 15.06.2009. Повеќе

3. Меѓународниот филмски фестивал „Humanity Explored" објавува повик за филмови. Рок за пријавување е 07.06.2009. Повеќе

Повеќе информации на: www.mladiinfo.com


Обуки и конференции:

1. Обука за женски права во Бугарија. Рок за пријавување: 30.06.2009. Повеќе

2. „Создавање модели за иднината без војна“ конференција на Универзитетот Тамера, Португалија. Рок за пријавување: 30.06.2009. Повеќе

3. Њујорк универзитетот од Скопје организира конференција на тема медиуми за социјална интеракција. Рок за пријавување: 10.06.2009. Повеќе

Повеќе информации на: www.mladiinfo.com


Работа и пракса:

1. Платена пракса/обука во Европската медицинска агенција. Рок за пријавување: 15.06.2009. Повеќе

2. Работа за млади истражувачи во Центарот за срцеви аномалии во Амстердам. Рок за пријавување: 09.06.2009. Повеќе

Повеќе информации на: www.mladiinfo.com