Tuesday, May 19, 2009

Закочени процеси - замрзната историја


Еврозум истражува кој, како и во чии цели ја истражувa историјата во Македонија?

Се обидовме да дознаеме и кој го кочи процесот на лустрација во земјава и зошто се кршат човековите права со прислушувањето?

Дали сенките од минатото го кочат нашето побрзо интегрирање во ЕУ?

Какви интелектуалци има Македонија? – одговора аналитичарот Сем Вакнин.

Интегрално преводот на анализата на Сем Вакнин

Интелектуалците во Македонија може да се поделат во четири групи. Најголемата група се претсташените или параноидните интелектуалци. Тоа се интлектуалци кои се толку уплашени од владата и нејзината машинерија, што одбираат да живеат во крајно субјетивен свет.

Тие комуницираат само со неколкумина на кои има веруваат, не излегуваат во јавност, одбиваат да коментираат за јавните процеси, дебати и за јавните прашања. Тие сами се отуѓуваат и се самоуништуваат. Во таа смисла, тие имаат мало влијание врз општеството и културата и не дејстуваат како интелектуалци. Потоа, имате подеднакво голема група, на интелектуалци во Македонија, на интелектуалци кои се заинтересирани само за себе, тие го употребуваат нивниот интелект, знаењето што го имаат за да добијат политички позиции за да заработат пари, за да се вработат. Тие се поврзани и се идентификуваат, вообичаено, со политичките партии, од левицата или од десницата. Не е ограничено на еден дел од спектарот.

Тие го следат сопствениот интерес и го жртвуваат нивниот интегритет на интелектуалци. Тие во Македонија се голема група. Мнозинството од интелектуалците во Македонија се многу политизирани и се загружени само за сопствените интереси. Тие не се интелектуалци во ниту една смисла на зборот. Потоа има трета група која јас ја нарекувам тѕериторијална група. Тоа се интелектуалци, чие образование било во 70-тите, тие не зборуваат странски јазик или, не зборуваат некои од позначајните странски јазици. Нивното знаење не е обновено, тие не се грижат дека треба да читаат или да го обноват знаењето. Знаејќи дека нивното знаење е инфериорно, споредено со западните интелектуалци, споредено со помладите интелектуалци, тие се жестко територијални, тие го заштитуваат монополот врз знаењето.

Тие ги исклучуваат младите интелектуалци, не дозволуваат да влезе свежа крв, тие ги блокираат новите идеи, тие го уништуваат новото знаење. Оваа територијалност ја прави интелектуалната сцена во Македонија мртва, стагнирачка, да биде како некаков предел со фосили. Последната, односно четвртата група, е нов вид на интелектуалци кои се појавија по последните две или три години, особено за време на владата на ВМРО, а тие јас ги нарекувам малигно - романтични интелектуалци, кои се демагози кои ја фалсификуваат историјата, кои употребуваат фолклорни херои за да промовираат лажна националистичка гордост. Тоа такви интелектуалци кои всушност ги создаваа неодамнешните балканските војни и тензии и има малигнен пробив на таков вид на интелектуалци кои доаѓаат на сцената во Македонија. Многу е тешко да се ослободите од тие интелктуалци, дури и кога има промена на режимот, затоа што го трујат јавното мислење, јавната дебата, а подоцна нивното влијание е еднакво на инфекција или болест. Кога ќе поггледнете на интелектуалната сцена во Македонија ги гледате овие луѓе.

Престрашени, параноидни, заинтерсирани само за себе, оние кои трагаат за пари и работа, територијалните, оние Чие знаење е комплетно нерелевантно, но тие се уште ја бранат својата територија од новите кои доаѓаат, од новото знаење и новите идеи и малигно романтичните. Во таа смисла, интелектуалците во Македонија ја предадоа Македонија и го предадоа народот. Затоа што улогата на интелектуалците е да ја живне нацијата, колективното, општетството и да ги интегрира општетсвото и културата во глобалните трендови. Интелектуалците во Македонија го прават спротивното, тие ја изолираат Македонија, тие ја претвораат во пловечки остров, како оној на Костурица, тоа е комплетно спротивно од она што интелектулаците би требало да го прават. На крај се поставува прашање: Зошто?


Зошто интелектуалците на Балканот генерлано, но особено во Македонија се однесуваат така. Краткиот и долгиот одговор е: Марксизмот, потоа социјализмот, комунизмот, манифестацииите на марксимот. Класичниот марксизам, дури и модерниот марксизам го редефинираат интелектуалецот, марксистите веруваат дека интелектуалците треба да бидат лидери, тие го направија концептот за ангажирани интелектуалци, тие не веруваат во капацитетот на прореталирајот да се води самиот, да дава идеи и да одлулува за тоа каде ќе се движи. Она што го направиле е ги заклучија интелектуалците и ги направија дел од номенклатирата, интелектуалците, менаџерите на големите индустрии, политичарите во комунистичките режими имаа еднаков статус. Интелектуалците беа кооптирани, преобратени, тие станаа дел од моќната машинерија, наместо да останат надвор од машината, тие се преобратија и ја направија машината. Кога комунизмот и берлинскиот зид паднаа, кога падна физички берлинскиот зид, но берлинскиот зид во мислите не падна.

Лошите ефекти на марксизмот и улогата која им беше доделена на интелектуалците во марксистичко-комунистичките-социјалистички општетства продолжи до денешен ден. Немаме вистински интелектуалци, имаме ангажирани интелектуалци, немаме вистински интелектуалци, имаме политичари кои преправени како интелектуалци. Тоа се лошите резултати од 60-70 години на марксизам.

Падна ли берлинскиот зид во Македонија ?

Европа прославува 20 години од падот на берлинскиот зид на кој симболично денес се гледа како на почеток на падот на комунистичкиот режим во источноевропските земји. Тоа на некој начин го отвори патот за обединување и проширување на Европа.

В
о изминатите 20 години се случија големи помирувања, соочувања со тоталитарното минато, а резултатот на тоа е Европска Унија во која лесно се патува од Полска во Германија, од Литванија до Брисел.

Старата идеологија замина во историјата, отворајќи пат за нови соработки, слобода на изразување слобода на движење.

Еврозум вe прашува: Падна ли умствениот “берлинскиот“ зид во Македонија?

Информации за стипендии, обуки, грантови и пракса во земјите од ЕУ

Еврозум во соработка со порталот www.mladiinfo.com секоја недела ви ги претставуваат најновите можности за стипендии, грантови, конференции, обуки, пракса и работа во земјите од ЕУ.


Стипендии:

1. Меѓународни постдипломски студии за општествени науки на Хумболт универзитетот во Германија и Универзитетот Анкара во Германија. Рок за аплицирање 29.05.2009. Повеќе

2. Универзитетот Ексетер од Велика Британија доделува десет целосни стипендии за меѓународни постдипломци. Рок за аплицирање 29.05.2009. Повеќе

3. Универзитетот Ковентри доделува стипендии за постдипломските студии за Мир и помирување. Рок за аплицирање 29.05.2009. Повеќе

4. Универзитетот Карлос III од Мадрид, доделува стипендии за докторанти во областа на економијата. Рок за пријавување 31.05.2009. Повеќе

Повеќе информации на www.mladiinfo.com


Грантови:

1. Фондацијата Ана Линд доделува грантови на невладини организации за проекти од образованието, медиумите, религија и вредности, градови и различности... Рокот за аплицирање е до 31.05.09. Повеќе

2. Грантови од програмата Млади во акција (Youth in Action) програма 3.1. Соработка со соседните држави. Рок за пријавување до 01.06.09. Повеќе

3.Грантови од програмата Млади во акција (Youth in Action) програма 2. Европски волонтерски сервис. Рок за пријавување до 01.06.09 Повеќе

Повеќе информации на: www.mladiinfo.com


Конкурси:

1. Архитектонски решенија од сите области можат да се пријават за наградата Unbuilt Architecture Design Awards 2009. Рок за пријавување е 04.06.2009. Повеќе

2. Onedotzero фестивалот од Лондон кани млади уметници да понудат свои дела: анимација, краток филм, инсталација, аудио-визуелен перформанс итн. Рок за пријавување е: 29.05.2009. Повеќе

3. Меѓународниот телевизиски фестивал од Барцелона ги кани сите детски емисии и продукции од Европа да земат учество. Рок за пријавување е 31.05.2009. Повеќе

Повеќе информации на: www.mladiinfo.com


Обуки и конференции:

1. Седмата по ред конференција Павиа на тема политичка филозофија објавува повик за трудови во оваа област. Рок за пријавување: 24.05.2009. Повеќе

2. Меѓународен симпозиум на тема храна и пренхранбена индустрија ќе се одржи во Галати, Романија. Рок за пријавување: 25.05.2009. Повеќе

3. Њујорк универзитетот од Скопје организира конференција на тема медиуми за социјална интеракција. Рок за пријавување: 10.06.2009. Повеќе

Повеќе информации на: www.mladiinfo.com


Работа и пракса:

1. Платена шестмесечна пракса за млади претприемачи во различни земји од ЕУ. Рок за пријавување: 29.05.2009. Повеќе

2. Платен тренинг-пракса во рок од 3 до 5 месеци во ЕУ агенцијата за фундаментални права. Рок за пријавување: 31.05.2009. Повеќе

Повеќе информации на: www.mladiinfo.com