Wednesday, March 25, 2009

Ќе умееме ли да ги користиме парите од ИПА?

Дали и колку сме подготвени за користење на парите од програмата ИПА е тема на ова издание на Еврозум.

Остварувањето на бенефит за граѓаните и институциите од вкупно 400 милиони евра, поделени во пет компоненти ќе зависи и од способноста на нашата администрација за управување со тие пари.

Еврозум истражуваше колку сме подготвени за користење на петттата компонента од ИПА, намената за земјоделците и руралниот развој. Колку пари ќе можеме да искористиме во оваа, но и во другите компоненти од ИПА програмата зависи од тоа дали и како ќе ги спроведуваме правилата на ЕУ.

А токму за нив веќе извесно време од Брисел се најавува дека ќе бидат построги и поради лошто искуство на Унијата со злоупотребата на европските пари во Бугарија. Борјан Јовановски беше во Бугарија за да открие зошто и како и под чија капа се случи злоупотребата на дел од парите од европските прет-пристапни фондови.

Но ги прикажуваме и позитивните примери. Кои се механизмите за добивање на проекти и како одредени зафрлени региони во Словенија и Бугарија, стануваат посакувани туристички дестинации благодарение на европските пари?

Во Еврозум гостин е вицепремиерот за европски интеграции Ивица Боцевски.

Имаме ли лек за корупцијата?


Македонија во следните 4 години ќе има на располагање речиси 500 милиони евра од европските ИПА фондови. Но тие пари се јасно врзани за конкретни проекти, врзани се за транспарентно трошење. Добро знаеме што им се случи на Бугарите поради нивната несовесна политика и прераширена корупција. Изгубија стотици милиони евра европски пари.

Тоа не смее да ни се случи. Во овие времиња на глобална економска криза, стратегијата на ЕУ не е сконцентрирана на трошење, па затоа Европа ќе внимава на секое потрошено евро. Доколку не сакаме да ни се случи бугарското сценарио, подобро е да продолжиме на патот на реформите и да работиме на искоренување на корупцијата.

Прашањето на Ивор Мицковски за оваа недела е следното. Во време на економска криза, корупцијата добива на замав. Дали мислите дека нашата влада ќе издржи на патот на реформите и ќе работи против корупцијата?

Информации за стипендии, грантови, обуки, конференции и пракса во земјите од ЕУ

Ви ги претставуваме информациите за можностите за стипендии, грантови, конференции... за оваа недела. Овие информации ви ги овозможија Еврозум и веб порталот www.mladiinfo.com.


Стипендии:


1. Стипендии за докторски студии на Универзитетот во Копенхаген, Данска. Области: биологија, хемија, биохемија...Рок за пријавување до 03.04.2009. Повеќе

2. Стипендии за магистерски студии по економија и финансии во Шпанија. Рок за аплицирање 06.04.2009. Повеќе

3. Алумни фондот на Лејден универзитетот од Холандија доделува 6 стипендии за постдипломски студии по Англиски јазик. Рок за аплицирање до 01.04.2009. Повеќе

4. Германската национална академска фондација доделува стипендии на надарени студенти од различни области, да поминат една година на универзитетите во Берлин или Браденбург. Рок за аплицирање 01.04.2009. Повеќе

Повеќе информации на www.mladiinfo.com



Грантови:

1. Програмата „Млади во акција“ на Европската комисија, преку Македонската национална агенција, доделува грантови за младински проекти на НВО од Македонија. Рок за пријавување до 01.04.09. Повеќе

2. Европската младинска фондација доделува грантови за младински проекти. Рокот за аплицирање е до 01.04.09. Повеќе

3.Европската унија доделува грантови за проекти за Информатичките и комуникациските технологии.Рок за пријавување до 01.04.09. Повеќе

Повеќе информации на: www.mladiinfo.com


Конкурси:

1. Даблин Фринџ фестивалот објавува конкурс за пријавување на уметнички остварувања од современата уметност. Рок за пријавување на делата е 03.04.2009. Повеќе

2. Натпревар по фотографија на Канарските острови, Шпанија. Рок за пријавување на фотографиите е: 08.04.2009. Повеќе

3. Британскиот совет и Светскиот сервис на БиБиСи ќе организираат Меѓународен натпревар за радио драми. Рок за пријавување: 31.03.2009. Повеќе

Повеќе информации на: www.mladiinfo.com


Обуки и конференции:

1.Меѓународна конференција за мали и средни претпријатија во Романија. Рокот за аплицирање е до 05.04.2009. Повеќе

2. Меѓународна конференција за иновации во туризмот, Швајцарија. Рок за пријавување: 10.04.2009. Повеќе

3. Универзитетот од Болоња организира Европска летна школа за социјална економија во прекрасното Бертиноро. Рок за пријавување:31.03.2009. Повеќе

Повеќе информации на: www.mladiinfo.com


Пракса:

1. Платена пракса за млади луѓе од ромска националност во Советот на Европа. Рок за пријавување е 10.04.2009. Повеќе

2. Интерншип за млади луѓе во институциите на ЕУ. Рок : 31.03.2009. Повеќе


Повеќе информации на:
www.mladiinfo.com