Wednesday, March 18, 2009

Може ли Скопје да стане европска метропола?


Во пресрет на локалните избори, Еврозум му ја посветува оваа емисија на Скопје.

И додека во кампањата изнесуваат различни предлози, кандидатите за градоначалници забораваат дека на Скопје му недостигаат елементарни работи кои ќе го прават една модерна европска метропола.


Затоа, во Еврозум прашуваме што се му треба на овој град за да стане европска метропола и пријатно место за живеење на сите. Ги прашавме секогаш духовитите лица од скопскиот асфалт: Какво Скопје сакаме?



Истражувавме како во Скопје се справуваваме со големото загадување и бучавата предизвикани од густиот сообраќај. Во Еврозум и стории како европските градови Болоња и Бирмингем се обидуваат да пронајдат решенија за истите проблеми. Споредивме колку Скопје е пријателски град за сите негови жители.


Во Еврозум, гостин е и архитектот Митко Хаџи Пулја.

Скопје какво што сакаме да биде















Политиката и невкусот ја потопија архитектурата и урбанистиката во еден град каде владее конформизмот, каде периферијата се пренесе во центарот, каде архитектот сака да е политичар ,а политичарот архитект.

Велат дека Скопје е далеку од европските метрополи, значи ли тоа дека народот и тие што треба да се грижат за градот се далеку од европските вредности и идеи – ве прашува Ивор Мицковски во темата за оваа недела.

Жал ми е што зградите, какви што досега не сум видел, џамиите од најубав мермер и украси од злато на кои и во Рим би им посветил внимание, убавите старини и градини, морам да му ги предадам на пламенот,рекол Пиколомини во далечната 1689 година.Тоа е можеби последниот комплимент за еден град кој и денеска постои.

Еден град не се оценува само според физичките убавини и материјалното, иако за жал, за тие да постојат мора да постои естетиката, етиката, културата или се она што е пред се духовно кај еден народ.

Естетиката е најмладата од човечките перцепции. Дури кога човекот се ослободува од ургетноста да се репродуцира или прехранува, тој ја согледува убавината, ја создава поезијата, играта и уметноста. Моралот потекнува од морес, обичаите на селото, а градот е тој што го оплеменува човекот преку културата и образованието. Но Скопје како да се изгубило во тој еволутивен процес.

Градот треба да е симбол на еден идентитет, изграден и надополнет низ вековите.Градот е организам кој им дозволува на индивидуите да станат нешто повеќе, а тоа е здрав колективитет.Градот е театар каде се испреплетуваат приказните на актерите, се живеат животи кои го менуваат физичкото и го адаптираат според духот на времето.

Елементите кои го карактеризираат еден град ги создаваат убавините или неубавините кои пак ги карактеризираат неговите квалитети или неквалитети. Една улица не постои само за автомобилите, како што еден споменик или градба немаат значење ако не стимулираат, не потсетуваат или не предводат некакво реално обновување.

Информации за стипендии и грантови во земји членки на ЕУ

Ви ги претставуваме информациите за можностите за стипендии, грантови, конференции... за оваа недела. Овие информации ви ги овозможија Еврозум и веб порталот www.mladiinfo.com.


Стипендии:

1. Алумни фондот на Лејден универзитетот од Холандија доделува 6 стипендии за постдипломски студии по Англиски јазик. Рок за аплицирање до 01.04.2009. Повеќе

2. Универзитетот од Манчестер доделува стипендии за магистерски студии за лингвистика и култура. Рок за аплицирање 01.04.2009. Повеќе

3. Германската национална академска фондација доделува стипендии на надарени студенти од различни области, да поминат една година на универзитетите во Берлин или Браденбург. Рок за аплицирање 01.04.2009. Повеќе

4. Макс Планк истражувачкиот центар од Лајпциг, Германија, нуди стипендии за докторски студии за мултидисциплинарните аспекти на комуникацијата. Рок за пријавување до 31.03.2009. Повеќе

Повеќе информации на www.mladiinfo.com



Грантови:

1. Европската младинска фондација доделува грантови за младински проекти. Рокот за аплицирање е до 01.04.09. Повеќе

2.Европската унија доделува грантови за проекти за Информатичките и комуникациските технологии.Рок за пријавување до 01.04.09. Повеќе

3. Европски грантови за поддршка на научно-техничката соработка - рок за пријавување до 27.03.09. Повеќе

Повеќе информации на: www.mladiinfo.com


Конкурси:

1. Онлајн магазинот ЕРАС објавува повик за текстови на постипломци од областите:историја, археологија, религија,теологија итн. Рок за пријавување на текстовите е 31.03.2009. Повеќе

2. Меѓународниот фестивал за документарни филмови од Марсеј објави конкурс за кратки и долгометражни филмови. Рок за пријавување на филмовите е: 20.03.2009. Повеќе

3. Британскиот совет и Светскиот сервис на БиБиСи ќе организираат Меѓународен натпревар за радио драми. Рок за пријавување: 31.03.2009. Повеќе

Повеќе информации на: www.mladiinfo.com


Обуки и конференции:

1. Универзитетот од Болоња организира Европска летна школа за социјална економија во прекрасното Бертиноро. Рок за пријавување:31.03.2009. Повеќе

2. Правниот факултет Стирлинг од Шкотска по четврти пат го организира семинарот Спортот и ЕУ за спортски работници и проучувачи на спортот. Рок за пријавување: 31.03.2009. Повеќе

3.Во Тулуз, Франција ќе се одржи Меѓународна конференција со наслов „Вмрежи се“. Рокот за аплицирање е до 25.03.2009. Повеќе

Повеќе информации на: www.mladiinfo.com


Пракса:

1. Можности за новинари во различни земји во Европа и светот. Повеќе

2. Интерншип за млади луѓе во институциите на ЕУ. Рок : 31.03.2009. Повеќе


Повеќе информации на:
www.mladiinfo.com