Tuesday, June 9, 2009

Европски избори 2009


По изборите за Европскиот Парламент време е да се сумираат првите впечатоци, да се направат првите анализи за тоа кој победил, а кој изгубил, кој бил казнет, кој награден.

Еврозум оваа емисија му ја посветува на постизборниот период во Европската Унија.

Бевме на организираното проследување на европските избори во Европскиот информативен центар во Скопје. Малку политичари од Македонија дојдоа таму за да ги проследат изборите. Ја сакаме ли помалку Европа, кога така игноратно се однесуваме кон неа?

Го прашавме и Амбасадорот на ЕУ во Македонија – Ерван Фуере каква е неговата политичка ориентација. Тој одговараше на неколку прашања поврзани со ЕУ од сајтот: http://www.euprofiler.eu/ . Гледајте Еврозум за да ја видите неговата политичка ориентација.

А по изборите ги донесуваме и првите проценки поради што имаше досега најслаба излезност на изборите за Европскиот Парламент, кои се предизвиците за идниот Парламентарен состав и како да се надмине ситуацијата на зголемено присуство на ултра десничари и евро-скептици меѓу пратениците.

Побрзо или поспоро проширување на ЕУ со новиот ЕП ?



Новоизбраните 736 членови на Европскиот Парламент ќе се сретнат за првпат на 14 јули во Стразбург. Нивната прва работа ќе биде да се групираат во транс-национални политички групи и потоа да изберат Претседател и 14 потпретседатели кои ќе имаат мандат од две и пол години.

Потоа следува работа.


А таа за идните пратеници, избрани со мандат од пет годни ќе биде тешка, затоа што има многу проблеми кои ќе треба да се решат економски, социјални, па дури и еколошки за кои најверојатно ќе притиска партијата на зелените во ЕП.


Многу неизвесности има пред новиот состав на ЕП. Една од нив е дебатата која ќе треба да се води меѓу про-европскиот блок и ултра десните и евроскептични партии кои благодарение на нискиот одзив, освојија повеќе места во ЕП. На ваков дијалог и толеранција во интерес на Европската конструкција повикаа многу досегашни и поранешни функцинери на Европската Унија.


Од иднината на овој дијалог зависат многу нешта, а пред се идното проширување на Унијата.


Дали ваквиот дијалог ќе допринесе за побрзо или поспоро проширување на ЕУ?



Информации за стипендии, обуки, грантови и пракса во земјите од ЕУ

Еврозум во соработка со порталот www.mladiinfo.com секоја недела ви ги претставуваат најновите можности за стипендии, грантови, конференции, обуки, пракса и работа во земјите од ЕУ.


Стипендии:

1. Стипендии за додипломски студии за физиотерапевти на Факултетот за физиотерапија во Франција. Рок за аплицирање 15.06.2009. Повеќе

2. Стипендии за постдипломски студии за Меѓународни конфликти и соработка во Шкотска. Рок за аплицирање 30.06.2009. Повеќе

3. Стипендии за магистерски студии за јавна администрација на Универзитетот МТЕЦ во Твенте. Стипендиите се за студенти од југоисточна Европа. Рок за аплицирање 01.07.2009. Повеќе

4. Новоформираната институција за стипендии Deutsche Bundesstiftung Umwelt доделува 60 стипендии за докторски студии во различни области. Рок за пријавување 15.06.2009. Повеќе

Повеќе информации на www.mladiinfo.com


Грантови:

1. Балканската фондација за деца и млади од Скопје доделува грантови за најдобрите бизнис планови кои ќе се пријават на конкурсот кој трае до 20.06.2009. Повеќе

2. Отворен повик за истражувачки проекти од земјите на Западен Балкан. Рок за пријавување до 22.06.09. Повеќе

Повеќе информации на: www.mladiinfo.com


Конкурси:

1. Натпревар за најдобри урбани дизајнерски решенија на Домус факултетот во Италија. Рок за пријавување е 15.06.2009. Повеќе

2. Отворен повик за најдобри новинарски остварувања: Лоренцо Натали. Рок за пријавување е: 15.06.2009. Повеќе

3. Меѓународниот филмски фестивал „Humanity Explored" објавува повик за филмови. Рок за пријавување е 07.06.2009. Повеќе

Повеќе информации на: www.mladiinfo.com


Обуки и конференции:

1. Обука за женски права во Бугарија. Рок за пријавување: 30.06.2009. Повеќе

2. „Создавање модели за иднината без војна“ конференција на Универзитетот Тамера, Португалија. Рок за пријавување: 30.06.2009. Повеќе

3. Њујорк универзитетот од Скопје организира конференција на тема медиуми за социјална интеракција. Рок за пријавување: 10.06.2009. Повеќе

Повеќе информации на: www.mladiinfo.com


Работа и пракса:

1. Платена пракса/обука во Европската медицинска агенција. Рок за пријавување: 15.06.2009. Повеќе

2. Работа за млади истражувачи во Центарот за срцеви аномалии во Амстердам. Рок за пријавување: 09.06.2009. Повеќе

Повеќе информации на: www.mladiinfo.com