Tuesday, June 23, 2009

Без куршуми ама со нерегуларности


Изборите ни поминаа без куршуми, ама не и без нерегуларности. Во својот прелиминарен извештај за изборите ОБСЕ забележа неправилности, притисоци врз неистомислениците, манипулации со избирачкиот список. Еврозум ги истражуваше изборните нерегуларности на последните локални избори во Македонија.

Како жителите на помалите места станаа болни и изнемоштени граѓани и како јавната администарција во помалите места привремено беше прераспределена од еден во друг град, гледајте вечерва во Еврозум.

Во Еврозум за изборните дубари зборуваат и претседателот на ДИК, Александар Новаковски и уредникот во ФОКУС, Јадранка Костова.

Кој да одговара за изборните нерегуларности?


Со серијата изборни нерегуларнсоти кои се случија на последните избори во Македонија повторно заслуживме прекори од меѓународните институции. Иако воздржувањето од куршуми ни донесе преодна оценка, сепак и изминатите избори беа далеку од европските и светските стандарди.

Од бугарски возови до измислени болни лица, Македонија предничи во осмислувањето на разни начини како да се украдат гласовите или да се исплашат гласачите.

Кој треба да биде одговорен за истражувањето на изборните нерегуларности ДИК или судовите?