Од непризната држава до кандидат за членство во Европската Унија. Релациите на Македонија со Европската Унија од повеќе агли. По многу испуштени шанси, пред Македонија стои отворена врата за почеток на преговори со Унијата. Ќе успее ли да влезе или повторно како и во неколку наврати досега сама ќе си ја затвори вратата кон ЕУ?
Вечерва во Еврозум, документарна ретроспектива на релациите на Македонија и Евроспката Унија преку сеќавањата на Љубчо Георгиевски, Васил Тупурковски, Денко Малевски, Јане Миљовски, Владо Бучковски, Александар Димитров.