Tuesday, June 16, 2009

Информации за стипендии, обуки, грантови и пракса во земјите од ЕУ

Еврозум во соработка со порталот www.mladiinfo.com секоја недела ви ги претставуваат најновите можности за стипендии, грантови, конференции, обуки, пракса и работа во земјите од ЕУ.


Стипендии:

1. Стипендии за новите постдипломски студии по банкарство и претприемаштво во Италија. Рок за аплицирање 30.06.2009. Повеќе

2. Стипендии за постдипломски студии за Меѓународни конфликти и соработка во Шкотска. Рок за аплицирање 30.06.2009. Повеќе

3. Стипендии за магистерски студии за јавна администрација на Универзитетот МТЕЦ во Твенте. Стипендиите се за студенти од југоисточна Европа. Рок за аплицирање 01.07.2009. Повеќе

4. Четрнаесет докторски и постдокторски позиции на Универзитетот по технологија - Илменау во Германија. Рок за пријавување 30.06.2009. Повеќе

Повеќе информации на www.mladiinfo.com


Грантови:

1. Балканската фондација за деца и млади од Скопје доделува грантови за најдобрите бизнис планови кои ќе се пријават на конкурсот кој трае до 20.06.2009. Повеќе

2. Отворен повик за истражувачки проекти од земјите на Западен Балкан. Рок за пријавување до 22.06.09. Повеќе

Повеќе информации на: www.mladiinfo.com


Конкурси:

1. Натпревар за најдобри есеи објавува УНЕСКО и ГОИ организацијата за мир. Рок за пријавување е 30.06.2009. Повеќе

2. Меѓународниот филмски фестивал „CINEKID" објавува повик за филмови. Рок за пријавување е 30.06.2009. Повеќе

Повеќе информации на: www.mladiinfo.com


Обуки и конференции:

1. Обука за женски права во Бугарија. Рок за пријавување: 30.06.2009. Повеќе

2. „Создавање модели за иднината без војна“ конференција на Универзитетот Тамера, Португалија. Рок за пријавување: 30.06.2009. Повеќе

Повеќе информации на: www.mladiinfo.com


Работа и пракса:

1. Платена пракса за млади професионалци во Светската банка. Рок за пријавување: 10.07.2009. Повеќе

Повеќе информации на: www.mladiinfo.com

Потребни ли се нови контролни механизми за работата на полицијата?


Новиот предлог на законот за внатрешни работи повеќе се концентрира на дефинирање на нови надлежности на одделени сегменти од министерството, а помалку на дефинирање и утврдување на дополнителни механизми за надворешна и независна контрола на полицијата.

Во услови кога најголем дел од случаите на полициска злоупотреба поради несоодветни истраги и немање на судски процедури завршуваат пред Европскиот суд за човекови права, прашањето до Вас за оваа недела е:

Дали треба да се воведат дополнителни механизми за контрола врз работата на полицијата, надвор од оние што веќе постојат, Народниот правобранител и Собранието?

Ефикасна правда за граѓаните



Зошто случаите од Македонија во кои има злоупотреба на полициска сила, најчесто завршуваат пред Европскиот суд за човекови права?

Еврозум во потрага на одговорот на ова прашање преку две различни стории илустрира два случаи. Едниот е за веќе донесена пресуда против државата Македонија.

Најновиот случај пред Европскиот суд за Човекови права во Стразбур е случајот Беќиров. Во Еврозум, откријте зошто.

На тема заштита на правата на граѓаните пред Европскиот суд за човекови права во емисијата зборува поранешниот судија од Македонија во овој суд, Маргарита Цаца Николовска.

А како ефикасно да се спречат можните проблеми и како да се оствари успешна граѓанска контрола врз полицијата пренсеуваме во сторијата за Австрија.