Tuesday, June 16, 2009

Потребни ли се нови контролни механизми за работата на полицијата?


Новиот предлог на законот за внатрешни работи повеќе се концентрира на дефинирање на нови надлежности на одделени сегменти од министерството, а помалку на дефинирање и утврдување на дополнителни механизми за надворешна и независна контрола на полицијата.

Во услови кога најголем дел од случаите на полициска злоупотреба поради несоодветни истраги и немање на судски процедури завршуваат пред Европскиот суд за човекови права, прашањето до Вас за оваа недела е:

Дали треба да се воведат дополнителни механизми за контрола врз работата на полицијата, надвор од оние што веќе постојат, Народниот правобранител и Собранието?

1 comment:

Anonymous said...

Интересна emsija.

Btw треба да ги објавувате снимките од емисиите на на YouTube.

http://www.youtube.com/watch?v=umteJ_0j5QE