Saturday, January 31, 2009

Нова сезона на Еврозум


ЕВРОЗУМ е единствената ТВ емисија во Македонија, посветена на европските интеграциски процеси на земјата и на регионот, која исто така информира за сите новости и активности во ЕУ и во земјите членки.

Еврозум веке 8 години ја информира јавноста во Македонија за активностите на ЕУ во земјата, актуелните настани и трендови во процесот на европските интеграции.

Еврозум ја започнува новата телевизиска сезона на 1.02.2009 - недела на ТВ А2 со почеток во 18.30 часот. Веќе и од наредната недела, емисијата ќе се емитува и на ТВ АЛСАТМ, но затоа повеќе информации наредната недела.

Во првото издание на Еврозум ќе гледате:

Чешкото претстедателство ќе стори се за да не ослободи од визи, но од датум за преговори на Македонија со ЕУ нема ништо за време на нивниот мандат.

Како саркастичните медиуми во Франција го толкуваат односот на старите кон новодојдените земји членки во Европската унија?

Во изданието и за приоритетите на Европската комисија – зборува амбсадорот Ерван Фуере

Тема е и кои се резултатите од Француското претседателство со ЕУ - интервју со францускиот амбасадор Бернард Валеро.

Ве покануваме да бидете заедно со Еврозум дел од европскиот поглед на свет.

Емисијата е поддржана од Делегацијата на ЕК во Македонија, а се подготвува во продукција на New Moment Video House. Автор и водител на Еврозум е Борјан Јовановски.

Неделна тема отворена за коментар

Прашкиот мит и големиот натрапник – Ивор Мицковски

Оваа колумна ќе ја започнам со цитат на еден чешки филозоф, кој пишува:
Поимот Европа означува напредна идеја. тариот Континент има културолошки,научен и филозофски багаж кој нема претходници во човечката историја.Иако Европа одамна не владее со светот кој денеска е глобализиран, светот сепак неможе да постои без идеите и принципите на Европа. А кој е основниот? Па да речеме дека тој е општото добро – запиша духовниот татко на големиот чешки политичар Вацлав Хавел, чешкиот филозоф Вацлав Поточка.
Чешка беше долги години симболот на една заробена Европа , но сепак остана верна на идејата за обединета Европа. Со децении. Па сепак денеска, Чешка официјално претседава со ЕУ, Прага, се отрива себеси повторно заробена.Како впрочем Европа да е Австо-Унгарија или пак Советскиот Сојуз.
Претседателот Вацлав Клаус е шампионот на чешкиот евроскептицизам,човек кој не сака на својата резиденција, да го истакне европското знаме покрај чешкото.Клаус се противи на ратификација на Лисабонскиот договор, изјавувајќи, дека попрво би емигрирал во Јужна Америка.Чешка не е дел од еврозоната ,а кога се дозна дека мерките биле преземани пред се од Франција,Британија,Германија и од Италија, следуваше саркастичниот коментар на Клаус: „Повторно тие.Истите земји кои во 1938 го дозволија распарчувањето на Чехословачка“. “.Колкави се шансите Клаус да се нормализира? Никакви,велат повеќето. И не е Клаус единствениот , во Европа има и други политичари од тој ков. Во друштвото по се изгледа им се приклучува и нашиот премиер, кој неодамна изјави дека Грција може да прерасне во монструм,слично како и нацистичка Германија.Жртва на тој грчки монструм денес е Македонија. Европа овој став на нашиот премиер го доживеа како потег што го јакне евроскептицизмот во Македонија. Оттука и моето прашање за оваа недела: Дали го оправдувате ваквиот потег на премиерот во однос на ЕУ.? Или,можеби,забораваме дека ние бараме да бидеме членка на ЕУ,а не ЕУ да биде признаена од Македонија. Ова е темата на која ги очекуваме вашите коментари.

Информации за стипендии и грантови во земји членки на ЕУ

Во соработка со веб порталот http://www.mladiinfo.com, Еврозум ви овозможува да дојдете до повеќе информации за дополнително образование во земјите членки на Европската Унија. За оваа недела, ова е изборот кој го направивме за Вас:


Стипендии:

1. Две стипендии за докторски студии од областа на хуманистичките науки доделува Универзитетот во Милано од Италија -рок за пријавување до 10.02.09


2. Пет целосни стипендии за магистерски студии од различни области за Источна И Југоисточна Европа доделуваат Фондацијата Отворено општество и Лондон Колеџ од Велика Британија - рок за пријавување до 19.02.09

3. Универзитетот Охфорд од Велика Британија доделува стипендии за додипломски и постдипломски студии за студенти од Југоисточна Европа-
рок за аплицирање до 20.02.09


4. Осум стипендии за докторски студии од областа на миграциите доделува Правниот факултет - Буцериус од Хамбург во Германија - рок за пријавување до 25.02.09

Повеќе информации на www.mladiinfo.com

Грантови:

1.Конкурс за доделување на грантови за уметници за престој во Шпанија распишува Организацијата Конзони од Билбао - рок за пријавување до 13.02.09


2. Конкурс за проекти од областа на евроинтеграциите - Жан Моне, објави Европскаста комисија - рок за пријавување до 13.02.09

3. Конкурс за инфраструктурни истражувачки проекти во рамки на европската ФП7 програма распишува Европската комисија - рок за аплицирање до 17.03.09

Повеќе информации на: www.mladiinfo.com

Конкурси:

1. Конкурс за натпревар на студенти во Студии на случај од Балканот поврзани со бизнисот, правото или информатичката технологија распишува Светскиот универзитетски центар од Австрија - рок за пријавување до 15.02.09

2. Конкурс за идејни решенија на постери на тема климатски промени објавува Фондацијата Брумен од Словенија - рок за пријавување до 27.02.09


3. Меѓународниот филмски фестивал -Бохум од Германија распишува конкурс за видео филмови- рок за пријавување до 16.02.09

Повеќе информации на: www.mladiinfo.com

Обуки и конференции:

1. Меѓународната асоцијација на драмски факултети, објавува конкурс за театролози за учество на Загребската конференција: Театарот и драмските факултети во Југоисточна Европа - рок за пријавување до 10.02.09

2. Обука за односи со јавност за претставници на младински невладини организаци распишува организацијата - Младински прес, Полска - рок за пријавување до 10.02.09

3. Летна школа за студенти на тема: Односите меѓу ЕУ и Русија организира Универзитетот во Тарту од Естонија - рок за пријавување до 15.02.09


Повеќе информации на: www.mladiinfo.com


Пракса:

1. Европскиот магазин Кафебабел објавува пракса за млади новинари за он-лајн новинарство во Париз - рок за пријавување до 10.02.09

2. Европскиот центар за ромски права во Будимпешта, објавува слободни работни позиции за адвокати кои работат на ромски права - рок за пријавуавње до 18.02.09

3. Европската канцеларија за регулација на внатрешниот пазар во Шпанија овозможува платена пракса за студенти во Аликанте, Шпанија - рок за пријавување до 28.02.09


Повеќе информации на: www.mladiinfo.com