Saturday, January 31, 2009

Нова сезона на Еврозум


ЕВРОЗУМ е единствената ТВ емисија во Македонија, посветена на европските интеграциски процеси на земјата и на регионот, која исто така информира за сите новости и активности во ЕУ и во земјите членки.

Еврозум веке 8 години ја информира јавноста во Македонија за активностите на ЕУ во земјата, актуелните настани и трендови во процесот на европските интеграции.

Еврозум ја започнува новата телевизиска сезона на 1.02.2009 - недела на ТВ А2 со почеток во 18.30 часот. Веќе и од наредната недела, емисијата ќе се емитува и на ТВ АЛСАТМ, но затоа повеќе информации наредната недела.

Во првото издание на Еврозум ќе гледате:

Чешкото претстедателство ќе стори се за да не ослободи од визи, но од датум за преговори на Македонија со ЕУ нема ништо за време на нивниот мандат.

Како саркастичните медиуми во Франција го толкуваат односот на старите кон новодојдените земји членки во Европската унија?

Во изданието и за приоритетите на Европската комисија – зборува амбсадорот Ерван Фуере

Тема е и кои се резултатите од Француското претседателство со ЕУ - интервју со францускиот амбасадор Бернард Валеро.

Ве покануваме да бидете заедно со Еврозум дел од европскиот поглед на свет.

Емисијата е поддржана од Делегацијата на ЕК во Македонија, а се подготвува во продукција на New Moment Video House. Автор и водител на Еврозум е Борјан Јовановски.

1 comment:

komentar.dr said...

Ја следев емисијата. Никако не можам да разберам зошто на французинот (а и Ирецот, патем) не му е проблем да не нарекува македонци а истото и претставува проблем на неговата држава.
Во една друга прилика кога го прашаа што мисли тој, или поточно Франција, за проблемот што ни го прават грците истиот рече нешто како: Морате да го решите спорот со грците па тогаш ќе ви се отвори патот во ЕУ. Ги споменува Франција и Германија како пример со кој не споредува и кажува дека ако тие успеале после две светски војни да се договорат тогаш и ние би требало да можеме да се договориме со јужниот ни сосед.
ЧОВЕКОТ или ЕВРОПА (поточно) заборава неколку работи:
-прво, ние сме 5 пати помали од грција по број на жители, економија и што се не.. додека Франција и Германија се (колку толку) равноправни противници ПРАШУВАМ:Знае ЕВРОПА што е фер плеј? Го заштитува ли?
-второ, како што и самиот Валеро кажа, тие се имаат смирено и договорено после не знам колку војни од кои две светски..ПРАШУВАМ: Што да правиме ние доколку не најдеме заедничко решение со грциве, да војуваме? Тоа ли го сугерира Валеро? Па можеби откако грциве и европа ќе видат дека и така нема да можат да не уништат (се надевам, затоа што не има по цел свет) и по не знам колку жртви, војни и години конечно ќе најдеме решение? Затоа што таков му е примерот со Франција и Германија?
-трето, разбира ли Франција и европа дека од нас се бара да потпишеме дека не сме тоа што го чувствуваме со срцето? Од нас се бара да го смениме идентитетот? Тоа е исто како јас од Валеро да барам да не се чешла како што се чешла, да ја промени бојата на кожата, да ја смени црквата во која оди, да го смени чекорот со кој се движи ... и се она што спаѓа во идентитет, и се затоа што на јас се “чувствувам загрозен“ од неговиот идентитет.
АЛООООО!
Треба ли уште да зборувам...?!