Friday, February 6, 2009

Информации за стипендии и грантови во ЕУ

Во соработка со веб порталот www.mladiinfo.com, Еврозум ви овозможува да дојдете до повеќе информации за дополнително образование во земјите членки на Европската Унија. Eве го изборот за оваа недела:


Стипендии:

1. Пет целосни стипендии за магистерски студии од различни области за Источна и Југоисточна Европа доделуваат Фондацијата Отворено општество и Лондон Колеџ од Велика Британија - рок за пријавување до 19.02.09.Повеќе

2. Универзитетот Охфорд од Велика Британија доделува стипендии за додипломски и постдипломски студии за студенти од Југоисточна Европа-
рок за аплицирање до 20.02.09. Повеќе

3. Осум стипендии за докторски студии од областа на миграциите доделува Правниот факултет - Буцериус од Хамбург во Германија - рок за пријавување до 25.02.09. Повеќе

4. Техничкиот Универзитетот во Португалија-МИТ доделува стипендии за магистерски и докторски студии од областа на техничките науки. Рок за аплицирање 28.02.09. Повеќе

Повеќе информации на www.mladiinfo.com


Грантови:

1. Конкурс за инфраструктурни истражувачки проекти во рамки на европската ФП7 програма распишува Европската комисија - рок за аплицирање до 17.03.09. Повеќе

2.Европската комисија објави конкурс за грантови за размена на истражувачи „Марија Кири“ - рок за пријавување до 27.03.09. Повеќе

3. Европски грантови за поддршка на научно-техничката соработка - рок за пријавување до 27.03.09. Повеќе

Повеќе информации на: www.mladiinfo.com


Конкурси:

1. Конкурс за натпревар на студенти во Студии на случај од Балканот поврзани со бизнисот, правото или информатичката технологија распишува Светскиот универзитетски центар од Австрија - рок за пријавување до 15.02.09. Повеќе

2. Меѓународниот филмски фестивал -Бохум од Германија распишува конкурс за видео филмови- рок за пријавување до 16.02.09. Повеќе

3. Конкурс за идејни решенија на постери на тема климатски промени објавува Фондацијата Брумен од Словенија - рок за пријавување до 27.02.09. Повеќе

Повеќе информации на: www.mladiinfo.com


Обуки и конференции:

1. Летен универзитет за Југоисточна Европа за студенти од трета година на студии по бизнис или економија, Босна и Херцеговина. Рок за аплицирање: 15.02.2009. Повеќе

2. Летна школа за студенти на тема: Односите меѓу ЕУ и Русија организира Универзитетот во Тарту од Естонија - Рок за пријавување до 15.02.09. Повеќе

3. Летна школа на Лондонскиот факултет за економија за млади истражувачи од областа на политиката. Рок за аплицирање: 20.02.2009. Повеќе

Повеќе информации на: www.mladiinfo.com


Пракса:

1. Европскиот центар за ромски права во Будимпешта, објавува слободни работни позиции за адвокати кои работат на ромски права - рок за пријавуавње до 18.02.09. Повеќе

2. Европската канцеларија за регулација на внатрешниот пазар во Шпанија овозможува платена пракса за студенти во Аликанте, Шпанија - рок за пријавување до 28.02.09. Повеќе

3. Платена пракса во канцеларијата за Ромски прашања на ОДИХР во Полска рок за пријавување до 01.03.2009. Повеќе

Повеќе информации на: www.mladiinfo.com

No comments: