
Ноември е месец кој Еврозум го посветува на падот на железната завеса и повторното обединување на Европа. Но ако берлинскиот ѕид падна и се отворија премините за интеграција на новите демократски општества, каде стои Македонија? Паднаа ли ѕидовите во главите на Македонците?
За цензурата и автоцензурата, за стравот да се говори јавно, за методите на заплашување – Еврозум ги анализира југословенското минато и превропската сегашност. Вечерашната емисија е посветена на културните дисиденти.
Еврозум ви пренесува приказна за еден источногермански панк бенд. Некогашните членови раскажуваат колку опасна авантура било да пеете против режимот во советскиот блок. Но тука се и локалните приказни на македонските рок и панк легенди. Како во навидум слободната Југолавија се цензурило и притискало. Зошто Белград не дозволувал да се издадат албуми на македонски јазик?
Ова и екслузивното интервју со Петар Гошев кој зборува за тоа како железните тупаници на режимот од минатото се уште се на видни функции и со истите методи ја кројат по свој терк македонската “демократија”.
