Tuesday, June 9, 2009

Побрзо или поспоро проширување на ЕУ со новиот ЕП ?



Новоизбраните 736 членови на Европскиот Парламент ќе се сретнат за првпат на 14 јули во Стразбург. Нивната прва работа ќе биде да се групираат во транс-национални политички групи и потоа да изберат Претседател и 14 потпретседатели кои ќе имаат мандат од две и пол години.

Потоа следува работа.


А таа за идните пратеници, избрани со мандат од пет годни ќе биде тешка, затоа што има многу проблеми кои ќе треба да се решат економски, социјални, па дури и еколошки за кои најверојатно ќе притиска партијата на зелените во ЕП.


Многу неизвесности има пред новиот состав на ЕП. Една од нив е дебатата која ќе треба да се води меѓу про-европскиот блок и ултра десните и евроскептични партии кои благодарение на нискиот одзив, освојија повеќе места во ЕП. На ваков дијалог и толеранција во интерес на Европската конструкција повикаа многу досегашни и поранешни функцинери на Европската Унија.


Од иднината на овој дијалог зависат многу нешта, а пред се идното проширување на Унијата.


Дали ваквиот дијалог ќе допринесе за побрзо или поспоро проширување на ЕУ?



No comments: