Граѓаните на 27 земји членки на Европската Унија од 4 до 7 јуни гласаат за изборите на Европскиот парламент. Преку 375 милиони жители со право на глас во Унијата, избираат 758 евро-пратеници за новиот состав на Парламентот.Еврозум беше во Бугарија и Грција за да ви ја пренесе предизборната атмосфера од Солун и Благоевград. Разговаравме со граѓани, професори, новинари за тоа какви теми доминираат на европските избори во овие две земји членки на Унијата.
Еврозум ги анкетираше граѓаните на Скопје, кој од сегашните политичари во Македонија би сакале да го видат во некој од идните состави на Европскиот парламент.
Ја отвораме и темата зошто постои голема апатија кај Европските граѓани и зошто се очекува најмал одзив на гласачите во историјата на Унијата.
No comments:
Post a Comment