Tuesday, May 5, 2009

Кој ги штити потрошувачите?

Купувањето на производи е нормален и секојдневен ритуал што секого од нас расположува, без разлика дали купуваме храна или некои други производи.

Дотолку повеќе, разочарувањето може да биде поголемо ако производот брзо ни се расипе или ако квалиетот не е оној за кој сме платиле. Но уште поважно е она што го купуваме да не е опасно по нашето или здравјето на нашите деца.

Кој треба да ги заштити нашите права како потрошувачи е прашањето на Еврозум до вас за оваа недела?

1 comment:

Unknown said...

Почитуван г-не Јовановски,
Организацијата за заштита на потошувачите на Кочани, е непрофитна, невладина организација со седиште во Кочани.Членка е на Меѓународната организација за заштита на потрошувачите (Consumers Interantional)со седиште во Лондон и BEUC- Европската потрошувачка организација со седиште во Брисел. Активностите на Организацијата за заштита на потрошувачите на Кочани се засноваат на правилата за заштита на потрошувачите донесени од страна на ООН во 1985 година. Покрај централата во Скопје- Организација за заштита на порошувачите на Македонија, постои мрежа на Советодавни бироа за заштита на потрошувачите во Скопје, Битола, Штип, Кочани, Тетово и Охрид.
Истражувањето на мислењето на граѓаните всушност е сложен процес кој мора да го применува системскиот пристап преку научни методи во собирањето, селектирањето и анализирањето на мноштвото податоци добиени од потрошувачите, се со цел да се добие потребното ниво на информации за донесување не само на маркетинг одлуки, како што Вие го кажувате, туку и за донесување на релевантни одлуки со кои ќе се овозможи олеснување на нашата организација да даде коментар на Вашата тема. Политиката на Здружението на граѓани-Организацијата на потрошувачите на Кочани- Кочани сака да им овозможи на граѓаните да пазарат слободно во било која продавница низ Република Македонија, односно во градот Кочани. Производите што ги купуваат потрошувачите и храната што се јаде да биде тестирана и проверена, со цел да се осигура дека е целосно безбедна. ОПК (Организацијата на потрошувачите на Кочани) превзема мерки со кои потрошувачите се заштитени од нечесни тргивци и од неточна и лажна реклама. Со ова правата на потрошувачите ќе бидат заштитени и можат да побараат надомест, каде и да се наоѓаат во република Македонија, без оглед на тоа дали купуваат во продавница, по пат на поштенска нарачка, по телефон или пак по интернет.
Со ваква контрола и ревизија, тестирање и проверка на прехранбените производи нашата цел е да биде едно од најголемите постигнувања што се залага Владата на Р. Македонија, ОПМ, ОПК. Во случај кога правата на поѕрошувачите ќе бидат повредени-нашите инструкции веднаш се насочуваат кон релевантните органи како што се
- Државен пазарен инспекторат
- Државен санитарен и здравствен инспекторат
- Државен инспекторат за животна средина
- Дирекцијата за храна
- Инспекции за храна
- Државен ветеринарен инспекторат
ОПК за период од 2009-2011 година ги идентификува следниве стратешки цели опфатени со овој план--
1.Зголемување на способноста и капацитетот на ОПК за застапување, советување, едукација и информирање на потрошувачите.
2. Експертска доекипираност на ОПК.
3. Зголемување на соработката со Локалната самоуправа и Советот за заштита на потрошувачите на општина Кочани.
4. Лобирање за постојана ставка во општинскиот буџет за потрошувачката политика.
5. Подготовка на ОПК за ИПА фондовите.
Правилата на Европската и Меѓународната потрошувачка организација забрануваат спонзорства и донации од стопанските субјекти, наменети за потрошувачките организации. Од тие причини, како можни извори на финансирање на ОПК се членарината од организацијата и евентуални странски донатори. Ваквите финансиски средства ни оддалеку не ги покриваат потребите што ги има организацијата за да обезбеди непречено работење. Советодавното биро во Кочани работи секој работен ден со работно време од 8.00 до 16.00 часот и континуирано работи на разрешувањето на проблемите на потрошувачите, а тоа потрошувачите го потврдуваат и јавно во медиумите. Оваа работа, Советодавното биро ја извршува волонтерски--значи не прима никакви финансиски средства од ниту една страна. Затоа ОПК прашува јавно--кој треба да ја финансира оваа организација што се грижи за потрошувачите да јадат безбедна и здрава храна?
Поздрав,
Организација за заштита на потрошувачите во Кочани