Tuesday, May 5, 2009

„Безбедни„ производи - (Не)безбедни потрошувачи

Европската Унија води грижа што и како може да се најде на нејзиниот пазар, а со тоа се грижи и за безбедноста на купувачите преку системот за рано предупредување РАПЕКС.

Еврозум истражуваше кој ги контролира прехрамбените и секакви други производи со кои се преплавени нашите пазари и дали и за оваа тема постои префрлање на топката од една на друга институција.

Еврозум се обиде да дознае чии интереси штити здружението на потрошувачи, со какви играчки си играат наши во време кога во Унијата се преземаат мерки против штетната ДМФ материја, детектирана во кинеските производи, а Македонија чека да биде известена и не презема ништо.

Изгубена во обидот да го воведе ХАСАП системот, државата не може да ги заштити ни граѓаните, ни фирмите од разни консултантски куќи кои без никави сертфикати им се нудат на фирмите како помош при воведувањето на овој систем за контрола на производството на храна.

Како да се подобри контролата на она што се увезува?- Борјан Јовановски разговара со директорот на царинската управа, Ванчо Каргов.

No comments: