ЕУ сака да покаже отворено срце за Ромите преку јасни заложби за решавање на конкретните проблеми и разбирање на нивната положба преку политика која ќе даде подобри резултати. Зашто, по проширувањето во 2004-та и 2007-ма, ромската заедница претставува едно од најголемите етнички малцинства во ЕУ.
Но, богатството кое оваа заедница може да и го донесе на Европа, често не се согледува од предрсудите и стереотипите кои се појавуваат во вид на дискриминација, политичка, социјална или економска.
Ромите се насекаде околу нас и во Македонија. Ги гледаме на раскрсниците, во кафулињата во кои седиме кога бараат пари или се упорни за да ги исчистат нашите автомобили. не размислуваме премногу кога ги одбиваме или кога им даваме нешто ситно за да не ни досадуваат. Не обрнуваме премногу внимание на нивните секојдневни проблеми, на работ од сиромаштијата во која живеат во нивните импровизирани живеалишта, или пак дека се едни од најголемите учесници во сивата економија во земјата.
Сепак, тие се тука, тие се наши соседи, кои понекогаш немаат ниту идентификациско бројче, па не можат ниту да ги остварат своите права на образование, здравствена заштита.
Еврозум го посветуваме на положбата на Ромите во Македoнија и во Европа.
No comments:
Post a Comment