Thursday, April 16, 2009

Дискриминацијата е и наш проблем

Пред неколку денови прочитав интересeн текст за Македонија,беше претставена како единствена земја каде Ромите имаат своја општина, свој градоначалник, свои институции. Но ништо не беше спомнато за состојбата на теренот. Тоа е илустрација за институционалната демагогија која постои кај нас.

Додека властите прават се за исполнување на институционалните рамки, за донесување на законите, малку прават на терен и околу имплементирање на законите.

Дискриминацијата бара да се работи во општеството, на граѓанскиот сензибилитет околу дискриминацијата.Настрана институционалната дискриминација, која може да биде позитивна или негативна. Дискриминацијата е некултура на живеењето. Општа етикета која може да се залепи на секоја посебна различност.


Факт е дека постојат повеќе видови на дискриминација, но есенцијално дискриминацијата како ментална структура е една ,додека различностите во општеството се многубројни, се множат и ќе се множат. Впрочем, тоа е и убавината на општествата.

Повеќе од прашање, сакам да ги повикам гледачите да ни пишат за нивното мислење за институционалната демагогија и да ни ги раскажат нивните искуства, оние кои биле или се жртви на дискриминација или оние кои биле сведоци на дискриминација.

No comments: