Wednesday, April 1, 2009

Балканот на раб на економска криза?


Економската криза и Балканот, како еден од најсиромашните региони во Европа се соочува со недостатокот на капитал и финансии. Еврозум ги пренесува мислењата и ставовите на европските економисти и аналитичари, како и мерките кои локалните влади ги превземаат.


Золт Дарвас, економист од Брисел вели дека балканските земји се надвор од ЕУ и тоа ја прави нивнита ситуација многу полоша. Затоа што дури и земјите кои се во ЕУ, тие страдаат многу. Ако на пример ги гледате Унгарија и Латвија, тие имаат недостиг од капитални приливи, иако ЕУ е таму, ЕУ има среднорочна можност за баланс во плаќањата, додека земјите надвор од ЕУ, како балканските може да се потпрат само на помошта од ММФ.


Ресурсите на ММФ се очекува да се удвојат и некои аналитичари предвидуваат дека мнозинството на земјите од Балканот до крајот на годината ќе договорат аранжмани со ММФ, затоа што е единствената институција способна да даде итна помош, Србија тоа веќе го направи. Но ММФ не е единствен, локалните инцијативи ќе бидат потпомогнати од страна на Европската Инвестициона Банка.


Првиот човек на Евроспката инвестициска банка, Филип Мајстат, пак посочува дека во април ќе одобриме дополнителни 2, 8 милијарди евра. Тоа значи дека на крајот од април вкупно ќе биде 8.5 милијарди евра во кредитни линии, кои ќе бидат достапни за локалните банки за да ги финансираат средните и мали претпријатија. И она што го правиме сега е систематски да им помогне на банките за да бидеме сигурни дека ефективно ќе ги искористат овие кредитни линии во корист на малите и средни претпријатија.

Веќе стигнаа потврди дека овие средства не се ексклузивно наменети за ЕУ.

Мајстад смета дека минатата недела ние одобривме ваков вид на заеми за српските банки, така што нема сомнеж, овој тип на заеми за банките за малите и средни претпријатија. Ние може да го користиме овој проект, секако со земјите членки на ЕУ, но и со земјите кандидати, потенцијалните земји кандидати, што значи за Западен Балкан.


Но голем е стравот дека кризата е сериозно потценета од локалните влади. Деновиве гувернерот на српската банка Радован Јелашич излезе со крајно драматичен текст во Фајненшел Тајмс. Тој предупреди дека актуелните проблеми не можат и не смеат да се решаваат само преку очекувањето на финансии од ЕУ и другите финансиски институции. Итни и храбри потези се неопходни од страна на владите за кризата да се менаџира, не само од економски аспект, туку и од социјален. Поради намалениот капитал, неопходно е да се ревидираат буџетите и да се намали потрошувачката.


Според Даниел Грос од Центарот за европски политички студии вели дека на Балканот проблемот е сличен со балтичките земји. Има мали земји чиј банкарски систем го поседуваат западноевропските банки, и имате многу внатрешна задолженост во земјата во странска валута, во евра и тоа е многу опасно за менувачкиот курс, затоа што многу домаќинства и многу фирми ќе банкнотираат. Нема едно решение, освен дека владите треба да издржат, дека треба да ги контролираат буџетите, и да се надеваат дека со време....


Хрватска и Србија веќе ги превземаа тие чекори, ги ревидираа буџетите, најавија намалување на платите, додека нашата влада порачува дека до почетокот на летото такви чекори нема да се превземаат. Најновите податоци од министерството за финансии се алармантни. Буџетниот дефицит во Македонија ја достигна бројката од 27.8 милиони евра, поради намалените даночни приходи и големата државна потрошувачка. Владата потрошила 22 милиони евра повеќе од претходниот месец, што наметнува сомнежи дека парите се трошат на предизборни кампањи , наместо на продуктивни инвестиции.


Грос додава и дека реалниот ризик е финансискиот систем во Источна Европа да се распадне, банките да не позајмуваат на претпријатијата, луѓето да не можат да ги отплаќаат своите хипотеки, кои се во швајцарски франци или јапонски јени, и поради тоа да се замрзне целиот финансиски систем. Ако се случи тоа ќе се намали производството, а невработеноста ќе се зголеми, а како резултат на тоа и поголем број на банкроти.


Експертите сметаат дека доколку итно не се промени политиката сериозно ќе бидат загрозени месечните примања на вработените во администрацијата, како и примањата на пензионерите и социјалните случаи. Во моменти на глобална економска криза Македонија се однесува како да не е дел од реалноста на Балканот, од реалноста на Европа или воопшто од реалноста на овој свет.

No comments: