Tuesday, May 12, 2009

Еврозум во соработка со порталот www.mladiinfo.com секоја недела ви ги претставуваат најновите можности за стипендии, грантови, конференции, обуки, пракса и работа во земјите од ЕУ.


Стипендии:

1. Меѓународни постдипломски студии за општествени науки на Хумболт универзитетот во Германија и Универзитетот Анкара во Германија. Рок за аплицирање 29.05.2009. Повеќе

2. Универзитетот Ексетер од Велика Британија доделува десет целосни стипендии за меѓународни постдипломци. Рок за аплицирање 29.05.2009. Повеќе

3. Универзитетот Ковентри доделува стипендии за постдипломските студии за Мир и помирување. Рок за аплицирање 29.05.2009. Повеќе

4. Универзитетот Карлос III од Мадрид, доделува стипендии за докторанти во областа на економијата. Рок за пријавување 31.05.2009. Повеќе

Повеќе информации на www.mladiinfo.com


Грантови:

1. Фондацијата Ана Линд доделува грантови на невладини организации за проекти од образованието, медиумите, религија и вредности, градови и различности... Рокот за аплицирање е до 31.05.09. Повеќе

2. Грантови од програмата Млади во акција (Youth in Action) програма 3.1. Соработка со соседните држави. Рок за пријавување до 01.06.09. Повеќе

3.Грантови од програмата Млади во акција (Youth in Action) програма 2. Европски волонтерски сервис. Рок за пријавување до 01.06.09 Повеќе

Повеќе информации на: www.mladiinfo.com


Конкурси:

1. ББЦ и Њузвик организираат натпревар за најдобри идеи и проекти наречен Светски предизвик 2009. Рок за пријавување е 22.05.2009. Повеќе

2. Onedotzero фестивалот од Лондон кани млади уметници да понудат свои дела: анимација, краток филм, инсталација, аудио-визуелен перформанс итн. Рок за пријавување е: 29.05.2009. Повеќе

3. Меѓународниот телевизиски фестивал од Барцелона ги кани сите детски емисии и продукции од Европа да земат учество. Рок за пријавување е 31.05.2009. Повеќе

Повеќе информации на: www.mladiinfo.com


Обуки и конференции:

1. Седмата по ред конференција Павиа на тема политичка филозофија објавува повик за трудови во оваа област. Рок за пријавување: 24.05.2009. Повеќе

2. Меѓународен симпозиум на тема храна и пренхранбена индустрија ќе се одржи во Галати, Романија. Рок за пријавување: 25.05.2009. Повеќе

3. Њујорк универзитетот од Скопје организира конференција на тема медиуми за социјална интеракција. Рок за пријавување: 10.06.2009. Повеќе

Повеќе информации на: www.mladiinfo.com


Работа и пракса:

1. Платена шестмесечна пракса за млади претприемачи во различни земји од ЕУ. Рок за пријавување: 29.05.2009. Повеќе

2. Платен тренинг-пракса во рок од 3 до 5 месеци во ЕУ агенцијата за фундаментални права. Рок за пријавување: 31.05.2009. Повеќе

Повеќе информации на: www.mladiinfo.com

No comments: