
Контролата на границите е еден од условите за побрзо добивање на визна либерализација.
Кога ЕУ тоа го бара од земјите во балканскиот регион, мисли на контролата што овие држави треба да ја направат за да им застанат на пат на нелегалните испораки на дрога преку Балканската рута за шверц на авганистанскиот хероин кон земјите од Западниот Балкан.
Но организираните криминални групи кои виреат на Балканот со својата поврзаност, непознавање на граници и националности се спротивставуваат на обидите на државите за нивно уништување, корумпирајќи полицајци, судии, политичари.
Од Загреб, преку Сараево, Белград, Приштина, па се до Скопје сликата е иста. Испреплетеноста на криминалните групи со политиката ги гуши напорите за нивно совладување и ги минира ретките регионални акции за сузбивање на криминалните активности.
Нашето прашање до вас: Дали ќе може регионалната соработка да им застане на патот на организираните криминални мрежи?
No comments:
Post a Comment