
Европската Унија се залага за постоење на јавен сервис во сите нејзини земји членки во време кога масовните комуникации ги надминуваат сите граници и кога инфорамацијата станува подостапна од кога и да е. И токму во една таква глобална поврзаност и бескраен проток на информации и појава на мноштво комерцијални медиуми, Европа инсистира на постоење јавен сервис.
Неколку причини го определуваат ваквиот став, како што е потребата јавноста да се заштити од притисокот на политиката преку медиумите, но и за да се обезбеди покриеност на широка палета на гледачи. И притоа да не се излезе од рамката на вкусносто и да се понудат информативни и образовни содржини преку разните видови на телевизиски емисии.
Иако Македонија претендира да стане членка на ЕУ, кога е јавниот сервис во прашање, подобро е кога би се сокрила и не би барала со години ништо. Прашината чиј мирис може да се почувствува во МРТ предизвикува такво гушење и кашлање што тешко може да биде излекувано дури и со некој лек против астма.
Програмската празнотија со која од екраните на поздравуваат некои чудни лица од јавниот сервис веќе не ја забележува никој зашто ни стана нормално тоа едноставно да биде така. И никој речиси веќе не бара лек за пациентот, зашто сите кренале раце и само го чекаат финалето на една повеќегодишна голгота која се случува во МРТ. А какво ќе биде тоа може да се претпостави кога сите креваат раце и констатираат дека за кризата која ја гризе нашата јавна телевизија веќе нема спас.
Еврозум истражуваше зошто нема пристоен и по европски стандарди спастрен јавен сервис во Македонија. Отидовме и до Хрватска за да видиме како функционира ХРТ и Ви ги донесуваме мислењата и ставовите на некои од телевизиските звезди на оваа куќа: Денис Латин, Горан Милиќ, Александар Станковиќ.
1 comment:
Се прават "нови" ("подобрени") документарни филмови за Црквите од аспект на историјата на уметноста кои пак изгледаат премногу сиромашно и да не речам бедно како да се правени во 1973 а не во 2008/09 ,Катастрофа.
p.s Документарец од 1957 http://www.youtube.com/watch?v=Q7Gv8CgbT8I е далеку поквалитетен од сето тоа што го прават денес.
Post a Comment