
Закони се носат, но не се имплементираат. Ова се главните забелешки во извештајот на европската комисија за Македонија во скоро секое поглавје.
Дури и законите кои не се предмет ниту на политички ниту на бизнис судири се уште стојат по фиоките и чекаат надлежните да почнат да ги спроведуваат.
Еврозум ви покажува како се “спроведува” законот за заштита од бучава. Разочарани од надлежните, жителите на една зграда во центарот на Скопје во свои раце ја преземаат борбата со “гласните соседи”. Европски закон и македонски манири на почитување.
Додека унијата со години финансира истражувања кои имаат цел да помогнат да се намали нивото на бучава во градските средини, кај нас ниту оние кои гласаа за законот за бучава, не знаат што има во него.
No comments:
Post a Comment